Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок 14.11.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Л.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ - Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба“, во периодот од 09.01.2022 до 28.04.2022, по навршување на 67 години старост продолжила со работа, за што по основ на плата и придонеси од плата се стекнала со противправна имотна корист во износ од 401.776 денари и го оштетила буџетот на Јавната здравствена установа.

 

СВР Скопје - Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на возило „рено“, кое го управувал А.Р., при што се пронајдени и одземени се 100 куршуми калибар 7,62 мм.

 

На 13/14.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Г.(30) и И.К.(48), двајцата од Кавадарци, А.Б.(28) од Штип и О.И.(35), Б.А.(26) и Р.М.(34), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.  

 

На 13.11.2025 во 13:50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишија од слобода Г.С.(25) од с.Волковија, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на 10.11.2025 во помошен објект на Г.А. од с.Волковија. Г.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.11.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај с.Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 13.11.2025 во 20:30 часот во с. Долно Лисиче, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека поради нерасчистени должничко-доверителски односи, му упатувал закани на И.А.(30) од с. Долно Лисиче и притоа со спреј го испрскал по очите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 13.11.2025 во 09:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, малолетник бил физички нападнат од неколку негови соученици од училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.11.2025 во 12:02 часот на Граничен премин Табановце, за влез во државата се пријавил З.Д.(64) од Штип, за кој на 03.11.2025 неговата сопруга М.Н.(52) пријави дека се оддалечил од домот.  

 

На 13.11.2025 во 14:05 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, додека го проверувал своето лично оружје, полициски службеник случајно испукал еден куршум и се здобил со повреда на рака. Известени се јавен обвинител, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(44) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.11.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило со германска национална ознака, кое го управувал, при што е пронајдена и одземена марихуана.  

 

На 14.11.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.М., со кого биле во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.11.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје, Т.М.(21) од Куманово пријави дека околу 11:50 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.11.2025 во 15:50 часот во СВР Скопје, О.Р.(45) од Скопје пријави дека околу 10:00 часот на подрачјето на Центар, неговата 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички, на возраст од околу 13 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.11.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Љ.(47) од Скопје пријави дека на 12.11.2025 околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од Д.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.11.2025 во 16:40 часот во СВР Скопје, А.Б.(24) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од М.Б.(53). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.11.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје, А.Ц.(58) од Скопје пријави дека на 12.11.2025 околу 16:00 часот на подрачјето на Драчево, бил физички нападнат од Н.М., В.Г. и уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.11.2025 во 16:50 часот во СВР Скопје, Љ.Ј.(75) од Скопје пријави дека на 12.11.2025 околу 09:00 часот, додека извршувал работни задачи во круг на фабрика на подрачјето на Ѓорче Петров, бил физички нападнат од неговиот колега М.Б.(55) од с.Орман, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.11.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, Е.В.(53) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и неговиот син биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, В.П. - возач на автобус во ЈСП Скопје, пријави дека на подрачјето на Центар, при затворање на вратите на автобусот, Р.У.(85) од Скопје кој влегувал во автобусот, паднал на коловозот и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот. 

 

На 13.11.2025 околу 10:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.М.(55) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Центар.

 

На 13.11.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријави дека на 12.11.2025 околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години, а еден од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај оштетениот, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

Мени за пристапност