Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. На 07.11.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана, подготвена за понатамошна продажба.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.Т.(40) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 23.09.2025 во дворно место од куќата во светиниколско, пријавената запалила отпад, по што настанал пожар кој се проширил на соседната парцела, при што целосно бил опожарен лозов насад, дел од помошен објект, како и насади со родни дрвја.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против A.Г.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 26.06.2025 на бул.„Маршал Тито“ во Виница, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило се обидел да удри 28-годишен маж од с.Лаки, виничко.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против П.Ј.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, на работно место во Сектор за урбанизам во Општина Свети Николе, во 2024 и 2025 година, постапувајќи по поднесени барања за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема од правен субјект од Свети Николе, составил записник за извршен увид на местото во кој навел неточен податок, односно помала површина од реалната која ќе се користи, изготвил одобренија за поставување на урбана опрема и ги доставил за потпис до градоначалникот на општина Свети Николе. После тоа, биле склучени договори за времено-сезонско користење на јавни површини во периодот од 01.01.2024 до 16.04.2025 и на тој начин го оштетил буџетот на Општина Свети Николе за 105.504 денари.
На 12/13.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(40) од Турција, Т.М.(25) од с.Волково, скопско, Н.С.(30) од с.Р`жаничино, скопско, Б.А.(23), Б.С.(21), Д.А.(31), А.М.(38), Е.З.(39) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, шишиња со течност и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
На 13.11.2025 во 00:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Ц.(22) од Косово затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Одделението за криминалистички работи Гази Баба. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 12.11.2025 околу 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дарданиа“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(22) с.Пршовце, тетовско, удрило во 56-годишната И.Џ. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Џ., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.11.2025 околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.11.2025 во 11:41 часот во СВР Скопје, Е.А.(47) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот од пред семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка заминала со Е.Д., со кого била во врска, откако претходно се заканил дека со запалива течност ќе им ја запали куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.11.2025 во 07:50 часот во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишија од слобода А.Б.Т.Г.С.(27) од Бразил, а ги приведоа Ј.Т.А.С.(23) и Р.Ц.С.(23) од Бразил, како и Н.О.Ц.(20) од Перу. При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Исто така, при претресот е констатирано дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.
На 12.11.2025 во 16:17 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја приведоа С.А.(55) од Охрид. Таа е затекната при извршување кражба во продажен објект и притоа кај неа се пронајдени повеќе одземени производи, кои се вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.11.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, А.А.(30) од Скопје пријави дека околу 20:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од А.„Н“ од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.11.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(43) пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, бил физички нападнат од Ѓ.Д.(75), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.11.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, З.Џ.(61) од с.Копаница, скопско, пријави дека на 11.11.2025 околу 21:05 часот пред угостителски објект во с.Копаница, тој и неговиот внук А.З. биле физички нападнати од Ф.И., Б.И., А.И. и А.И., при што Б.И. испукал во воздух проектил од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.11.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.