На 17/18.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, Е.С.(18), С.Д.(36), А.Б.(26) и Ф.Р.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.11.2025 на ул.„Стрчин” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ј.(39) од Битола, кој бил баран со судска наредба за издржување на казна затвор од една година. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
На 17.11.2025 во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви. Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Д.(27) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.06.2025 полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот и неговото патничко возило, при што е пронајдена и одземена марихуана.
На 17.11.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(26) од Скопје и 32-годишната С.П. од Демир Капија. Исто така, во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постројка на бул.„Александар Македонски“, Б.Д. сакал насилно да се качи во автобус каде била С.П., а откако возачот не му ја отворил вратата агресивно се однесувал кон него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешнaта канцеларија за криминалистички работи Дебар, поднесе кривична пријава против А.С.(70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на јули 2025 на катастарска парцела во Дебар, пријавениот узурпирал земјиште во државна сопственост, поставувајќи бетонски ѕид.
На 17.11.2025 на ул.„Димче Лахчански” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Џ.Д.(58) од Битола, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Ноќеска (18.11.2025) во 02:00 часот во СВР Скопје, Г.Т.(43) од скопско село пријави дека на 17.11.2025 околу 18:00 часот во с.Љубанци, скопско, три машки лица со закана му одзеле пари, при што едното од нив со пиштол го удрил по главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, А.А.(28) од с.Сарај, скопско, пријави дека во с.Сарај неколку лица испукале неколку куршуми од огнено оружје кон него, но не го повредиле. За настанот бил известен јавен обвинител, а увидна екипа од СВР Скопје извршила увид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.
На 16.11.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, Т.П.П.(50) пријави дека околу 12:30 часот во населба Илинден, таа и нејзиниот син биле нападнати со тврд предмет од В.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2025 во 20:15 часот во СВР Скопје, Т.Д.(35) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг од нив физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2025 во 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, Р.И.(74) физички ја нападнал З.И.(21), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село пријавила била измамена за сума од околу 5000 евра од Н.К.(29). Според пријавеното, во периодот од декември 2023 година до декември 2024 година таа во неколку наврати му ја исплатила сумата за да извади македонски лични документи и македонско државјанство за неа и нејзините сестри. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.