Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 07.01.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, на 05.02.2025 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“, управувано од пријавениот, во кое бил со уште едно лице, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин. 

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.И.(45) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,,кражба’’. На 17.09.2025 на браната „Водоча“, од патрола на Шумска полиција и полициски службеници од СВР Струмица било запрено товарно моторно возило „фиат дукато“, управувано од пријавениот, и било констатирано дека превезувал огревни дрва, кои биле нежигосани и без испратница.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 44- годишен маж од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Пријавениот, не постапил по правосилна судска одлука, со која му му се изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство во траење од една година.  

 

ОВР Кочани поднесе известување против малолетно лице од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 23.08.2025, пријавениот во Градскиот трговски центар во Кочани физички нападнал дете.

 

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Т.О.(46) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2024 година, пријавениот, во својство на референт по сеча и превоз во Јавно претпријатие „Национални шуми“, продал приколка која претходно била одземена од Шумска полиција и предадена на Подрачно шумско стопанство „Липа“ - Крушево, и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист.

 

На 16/17.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.Ј.(23), В.М.(19), Џ.Ш.(43), Д.Т.(31), А.Б.(25), Д.С.(20), А.В.(32) и В.А.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следувааат соодветни поднесоци.

 

На 16.10.2025 при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа воздушна пушка „славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.С.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на тетрахидроканабинол, психоактивна компонента што ја содржи растението канабис.

 

На 16.10.2025 во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавија дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје, по што во дневната соба забележал дека било скршено стакло од прозор, имало оштетување во ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје. Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(19) и А.Х.(36), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.03.2025 во Тетово, полициски службеници ги забележале пријавените при примопредавање на марихуана, по што е извршен преглед над нив и марихуаната е пронајдена и одземена.

 

На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

Денеска (17.10.2025) во 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(51) и А.А.(42), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.10.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје, Г.С.(61) од с.Зелениково, скопско, пријавила дека околу 11:55 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од М.И. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, С.А.(50) од Скопје пријави дека на 13.10.2025 околу 13:00 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговата 16-годишна ќерка била физички нападната од две женски лица, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.10.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена пријави дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.10.2025 во 15:45 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.10.2025 во 18:45 часот во СВР Скопје, П.О.(24) од Скопје пријави дека околу 16:35 часот на подрачјето на Карпош, две лица упатувале закани кон него и неговата девојка, по што со тврди предмети му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.10.2025 во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.10.2025 во 20:55 часот во СВР Струмица, М.Т.(44) од Струмица пријави дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг К.Т.(46). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 16.10.2025 во Полициска станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.М.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Денеска (17.10.2025) во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 16.10.2025 околу 20:30 часот на подрачјето на Карпош, 15-годишен малолетник, штитеник на установа за згрижување на деца, бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.10.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Мени за пристапност