Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.А.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.09.2025 полициските службеници го затекнале пријавениот при обид да продаде aмфетамин на малолетник.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(65) од с.Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во 2023 година извршил упис на брак во книгата за венчани за 2023 година, помеѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, кој бил непостоечки. При увид во книга на пописни акти за 2023 година утврдено е дека во неа нема заведено барање за издавање на извод од матична книга на венчани помеѓу двете лица.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишник од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2025 во двор на џамијата во селото, поради наводен долг, пријавениот физички го нападнал неговиот 60-годишен брат.  

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’. На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин.

 

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Д.Д. (60) од Крушево за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 02.07.2025 од страна на ОВР Демир Хисар и ОВР Крушево, извршена била контрола на товарни возила во сопственост на фирма од Крушево, кои биле натоварени со огревни дрва. При преглед во едно од возилата пронајден бил челичен чекан кој служел за жигосување на пресечените дрва. Истиот бил задолжен од вработен во Подрачно шумско стопанство „Липа“ - Крушево.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Ц.(61) од село во општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.05.2025, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории во село во општина Чашка, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и куршуми.

 

На 15/16.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.П.(29), Б.К.(30), двајцата од Скопје и С.Х.(25) од с.Семениште, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 15.10.2025 во 11:41 часот во СВР Скопје, С.С.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, додека чистела во напуштена куќа, сопственост на нејзините родители, пронашла две лименки завиткани во сeлотејп, на кои пишувало „топовски удар“ и на нив имало фитили. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и предметите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2025 во 16:55 часот на Граничен премин Свети Наум, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Б.(64) од Албанија затоа што при гранична контрола е  констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање од ОВР Струга, а во врска со кривично дело „кражба“. Тој е предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

 

На 15.10.2025 во 21:40 часот во Полициската станица за граничен надзор Франгово, полициски службеници го привеле A.К.(28) од Албанија, затоа што при проверка е констатирано дека остварил илегален влез во државата. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека на 13.04.2025 под дејство на алкохол во Клиничка болница Тетово физички ги нападнал лекарот и медицинската сестра, кои му пружале помош. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 04.06.2025 во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.

 

На 15.10.2025 во 18:40 часот на ул.„ЈНА“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.С.(34) од с.Ново Село, општина Желино. Тој се сомничи дека последните две недели на подрачјето на Тетово сторил неколку кривични дела „кражба“ и „тешки кражба“. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 16.10.2025 во 01:30 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје е пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје е опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.П.(38) и Б.М.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. Увид на местото извршија претставници на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, како и полициски екипи. По целосно расчистување на настанот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“ по член 264 од Кривичниот законик.

 

 

Мени за пристапност