СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Џ.(29) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 04.04.2025 во с.Черкези, кумановско, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ во кое сопатник бил пријавениот, а при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(48) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка која ја употребил како вистинска во Италија и која што му била одземена од италијанските власти.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(33) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.03.2025 на локалниот пат во с.Слатино, тетовско, пријавениот физички нападнал две деца и им нанел повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.М.(34), Џ.Р.(48), А.Д.(37) и Ф.Р.(45), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 02.08.2025 во с.Черкези, кумановско, пријавените поради наводен долг физички го нападнале О.Ј..
На 14/15.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.А.(24), Ѓ.С.(37) и 17-годишник, сите од Скопје, А.Т.(29) од с.Ржаничано, скопско и Е.Ф.(21) од с.Липково, општина Липково, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 14.10.2025 во 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го приведоа С.Н.(69) од Турција затоа што при гранична контрола и увид во неговата патна исправа констатирано е дека немал ниту еден влезен штембил за остварен влез, односно имал одбиен влез на 19.07.2025 на Граничниот премин Долно Блаце. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.10.2025 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.М.(28) од с.Челопек, постапувајќи по претходна пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с.Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи лекарска помош. Исто така, по пристигнување на полициските службеници, М.М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.
На 14.10.2025 околу 17:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека при вршење ископ со работна машина багер на ул.„Партизанска“ во Гевгелија била пронајдена неексплодирана направа. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била подигната и било констатирано дека се работи за неексплодирана граната од Првата светска војна.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Љ.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.03.2025 пред угостителски објект во Тетово, пријавениот физички го нападнал Ф.И.(34).
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Г.(30) од с.Вруток, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.10.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, при што била пронајдена и одземена марихуана.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Н.(50) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во селото во близина на постоечки надземни средно напонски водови, нелегално и спротивно на предвидени безбедносни норми, изградил куќа. Со тоа, пријавениот го нарушил безбедносното растојание, ја загрозил сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и предизвикал безбедносна опасност по луѓето. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за прекинување на градењето.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.А.(44) од селото Коџаџик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во атарот на истото село, неовластено присвоил 1355 метри квадратни државно земјиште и го оградил со метални столбови и метална жица.
На 14.10.2025 во 19:50 часот во СВР Скопје, М.М.(34) од с.Ѓурѓевиште, гостиварско, пријави дека околу 19:43 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице со закана од огнено оружје му го одзел мобилниот телефон и се обидел физички да го нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 во 13:20 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеник од Полициската станица Бит Пазар го пронашол Н.С.(13), за кој на 13.10 2025 неговиот згрижувач У.Ф.(54) пријави дека се оддалечил од неговиот дом.
На 14.10.2025 во 09:00 часот е пријавено дека во с.Батинци, скопско, била пронајдена Ф.А.(16) за која претходно нејзиниот татко С.А.(50) пријавил дека се оддалечила од домот.
На 14.10.2025 околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор на основно училиште во с.Св.Петка, скопско, Ф.Љ.(21) од истото село бил физички нападнат од И.Р. и М.Р., при што И.Р. употребил метален предмет, додека М.Р. со остар предмет му нанел убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 14.10.2025 во 16:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.С.(37) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. При претрес кај него, извршен со судска наредба, пронајдени се барут, метален детектор, ловечки патрони идр.. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 14.10.2025 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Д.(26) од Куманово и Н.Н.(19) од село Орашац, кумановско. При преглед на товарно моторно возило во село Тромеѓа, кумановско, било констатирано дека превезуваат огревно дрво без соодветна документација. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 15.10.2025 во 01:00 часот во СВР Скопје, Л.К.(49) од Скопје пријави дека на 14.10.2025 околу 22:00 часот во населбата Гоце Делчев, скопско, тој, неговата сопруга и синот биле физички нападнати од Д.П., кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје, И.Л.(39) од Скопје пријави дека околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од М.А. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при извршен претрес во полуотворено одделение во установата, кај осуденикот Б.Ј.(40) од Скопје е пронајдена и одземена марихуана, а при претрес на неговиот кревет се пронајдени и одземени марихуана и таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, С.Т.(20) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 во 08:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа во с.Ракотинци, скопско е пронајден починат П.П.(59) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.10.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, С.Ц.(42) од с.Јурумлери, скопско, пријави дека околу 15:45 часот во с.Јурумлери била физички нападната од С.С. од истото село(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(21) од с.Сарај, скопско, пријави дека околу 12:00 часот пред неговиот дом, со тврд предмет бил физички нападнат од неговата сосетка Џ.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 во 14:35 часот во СВР Скопје, А.М.(26) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир во автобус ѝ бил одземен паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2025 на Меѓународниот аеродром во Скопје полициски службеници го лишија од слобода Б.А. поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 14.10.2025 во 12:10 часот во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријави дека на 15.09.2025 после 00:30 часот едно лице - такси возач не ја однел до неjзиниот дом, по што ја допирал по телото, а откако му се спротивставила, прекинал и ја однел до домот. Како што е пријавено, таа настанот го пријавила и во правното лице-такси компанија и лицето-возач бил отпуштен од работа. Се работи на расчистување на случајот.