Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.07.2026

Извадок на дел од дневните настани 16.07.2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.С.(37) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за стoрено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 20.03.2026 полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од канабис.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С. (38) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.05.2026 пријавениот во семејната куќа во тетовско физички ја нападнал неговата 56-годишна мајка.

 

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против Д.М. (25) од Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.07.2026 на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје,  на излез од државата, пријавената на увид приложила патна исправа со фалсификуван влезен штембил.

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Ѓ. М. (56) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста’’. На 15.06.2026 во Кратово,  пријавената физички ја нападнала нејзината 73-годишна сосетка Б.М..

 

На 16.07.2026 во 03:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(21)  од с.Арачиново, скопско,  затоа што кај него се пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.07.2026 во 08:30 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата,  полициски службеници го лишија од слобода Е.Б.(35) од Турција, затоа што при гранична проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарно возило „рено“ со турски национални ознаки со полуприколка, со кое тој допатувал. Известен бил јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и против Е.Б. е поднесена кривична пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 од Кривичниот законик.

 

На 15.07.2026 во 10:00 часот во ОВР Кочани, 75-годишна жена од Кочани пријави дека таа и нејзиниот малолетен внук (син на пријавената) биле физички и психички малтретирани од нејзината ќерка Б.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На  15.07.2026 во 09:17 часот во ОВР Крива Паланка, лекар од Здравствен дом Крива Паланка пријави дека кај нив за укажување лекарска помош била донесена 31- годишна жена, која, според пријавеното, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Ј.М. од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Во СВР Скопје на 13.07.2026 во 16:00 часот е пријавено дека од верски објект во с.Сарај, скопско, непознат сторител, со употреба на физичка сила и алат одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.07.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, М.Ѓ.(20) од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, две лица и одзеле мобилен телефон и чанта со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.07.2026 во Охрид од слобода е лишен В.Т.(61) од Охрид, затоа што во семејниот дом во Охрид со остар предмет се заканувал кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.07.2026 во 17:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажата „Градиште“, на брегот на Охридското езеро, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Б.(50) од охридското село Велгошти и И.Б. од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.07.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа И.В.(45) и С.В.(28), двајцата од Скопје, по претходна пријава дека околу 22:20 часот во угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.07.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријави дека на 14.07.2026 во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неговата партнерка А.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.07.2026 во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода К.В.(32) од Тетово поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово. Извршен е и претрес кај лицето, а по извршеното алкотестирање кај него е констатирано присуство на 2,49 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.07.2026 во 15:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар го лишија од слобода А.З. (42) од Гостивар, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 38- годишна сопруга. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.07.2026 во 18:00 часот на ул.„117“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Ј. (20) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.07.2026 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Р. од село во тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.07.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје, Д.Л.(40) од Куманово пријави дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од Д.Д.(48) од Скопје, вработен како обезбедување. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.07.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје, С.В.(56) од с.Кадино, скопско, пријави дека околу 01:00 часот во с.Кадино нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од Д.И.(18). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.07.2026 во 16:05 часoт во СВР Скопје, Р.Х.(69) од Скопје пријави дека на 11.07.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на Бутел, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.07.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје Б.Т.(53) од с.Орман,скопско пријави дека на 10.07.2026 околу 17:10 часот во с.Орман по претходно недоразбирање и вербална расправија бил физички нападнат од Ј.П.(80). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 15.07.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, маж од скопско пријави дека  во временскиот период  од 12.11.2024 до 12.01.2025 од едно машко лице бил измамен за сума од околу 28.700 евра. Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа морал да плати. Пријавителот му ги дал парите, но подоцна сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност