Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 15.07.2026

Извадок на дел од дневните настани 15.07.2026

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.П. (69) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 01.03.2026 полициски службеници извршиле преглед на лице од Струмица, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.07.2026 во Прилеп, пријавениот физички го нападнал Г.К. од Прилеп, нанесувајќи му повреди.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.А. (43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.07.2026 пред станбена зграда  во Куманово, по претходна вербална расправија, Г.А. со пиштол упатил закани кон И.М. и неговите два сина, по што испукал три куршуми во воздух.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од село во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“. Пријавениот од археолошкиот локалитет „Муталово”,  атар на с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, противправно присвоил керамички сад (питос)  - предмет кој е културно наследство, и го чувал во својот дом.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.06.2026 пријавениот  во семејниот дом во Кочани физички го нападнал неговиот 74-годишен дедо, откако претходно му побарал пари, но не ги добил,  а потоа му упатувал ѝ закани.

 

На 15.07.2026 во 02:30 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.И.(18) и 16-годишен малолетник, двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај М.И. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.07.2026 во 14:30 часот  во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.К. (52) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 30.06.2026 пред продажно место во с. Оризари, кочанско,  пријавениот упатувал  закани на М.Н. и неговото семејство.

 

На 14.07.2026  во 11:50 часот  на ул. „Св. Нектариј Битолски"  во Битола  полициски службеници го лишија од слобода Ј.В.(30) од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена  марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово- Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатникот М.А.(24) и уште една малолетна сопатничка од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 15.07.2026 во  00:20 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Ј.(45) од Турција, затоа што при гранична проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, со кое тој допатувал. По документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14/15.07.2026  во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.Т.(18), Н.М.(23) и С.К.П.(23), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 14.07.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 10:50 часот, при влез во установата, бил извршен претрес врз осуденикот Т.С.(50) од Скопје, кој се вратил од отсуство и кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 14.07.2026 во 05:40 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека во близина на угостителски објект во Гостивар, Н.С. (45) ја нападнал неговата 43- годишна сопруга, при што употребил остар предмет. Од страна на судија во претходна постапка, на Н.С. му е одредена мерка притвор, по што е спроведен во КПУ Затвор Скопје.

 

На 14.07.2026 во 10:45 часот, на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Б.У. (50) од Гостивар, поради агресивно однесување кон полициските службеници, кои преземале службени дејства. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.07.2026 во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 14.07.2026 во 11:25 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци, со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(62) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во објект во изградба во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 15.07.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Е.Х.(26) од Велес, затоа што на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени задачи, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. Исто така, утврдено е дека Е.Х. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,00 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На  14.07.2026  во  18:10  часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Д.Ј. ( 31) од Крива Паланка, затоа што агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.07.2026 во 14:50 часот во ОВР Крива Паланка М.С.(54) од Крива Паланка пријави дека во близина на пат во село Трново пронашол граната. Во текот на денешниот ден, гранатата ќе биде подигната  од пиротехничар од  Дирекцијата за заштита и спасување.

 

На  14.07.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од  СВР Куманово го лишија од слобода Х.В. (26) од село во Општина Старо Нагоричане, затоа што физички ја нападнал неговата 57- годишна мајка. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.07.2026 околу 23:00 часот во СВР Скопје, Ф.В.(34) од Чешка пријави дека во угостителски објект на подрачјето на Центар, во кој бил заедно со 28-годишната П.А. од Индија, со престој во Чешка, бил физички нападнат од едно лице, за кое претпоставува дека е сопственик на објектот. Потоа П.А. искршила неколку чаши, по што е приведена во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.07.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода 16-годишна малолетничка била физички нападната од А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 14.07.2026 во 16:10 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, од страна на полициски службеници од слобода се лишени Е.Б.(22), В.О.(19) и П.О.22), сите од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. По целосно расчистување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14.07.2026 во 21:00 часот во струшката населба „Плитишта“, од слобода е лишен Д.У.(42) од Струга, затоа што при преглед кај него, полициските службеници од криминалистичката  полиција пронајдоа и одзедоа седум паковки со бела прашкаста материја.  По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.07.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, А.К.(33) од с.Мралино, скопско, пријави дека на игралиште во с.Мралино бил физички нападнат од Д.К. од с.Кадино, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, С.К.(48) од Скопје пријави дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.07.2026 во  23:40 часот во СВР Скопје, Д.В.(31) од скопско, пријави дека во с.Волково бил физички нападнат од 30-годишната И.С. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 15.07.2026 во 06:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(38) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

               

На 14.07.2026 во 19:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.С.(39) од Штип, по претходна пријава дека околу 18:30  часот пред семејниот дом на неговата 35-годишна поранешна сопруга, фрлал тврди предмети, а потоа физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следуваа соодветна пријава.

 

На 14.07.2026 во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од Скопје, по претходна пријава од неговата поранешна 36-годишна сопруга дека во временски период од 2023 до 03.07.2026, тој физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 14.07.2026 во 17:40 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.Ј.(44) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.07.2026 во 15:00 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го лишија од слобода Х.А.(25) од Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.07.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, Р.И.(48) од Скопје пријави дека околу 17:50 часот на ул.„Маџари“ во Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во ЈП „Комунална хигиена“, со возило дошол Б.П.(52) од Скопје и физички го нападнал, а потоа и го следел со неговото возило до домот на пријавителот. Според пријавеното, Р.И. слушнал и истрели од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност