На 13/14.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Т.(49), А.Б.(33), Л.А.(21) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 13.07.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.Ш.(41) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.07.2026 во 01:30 часот во с. Доброште, полициски службеници од Полициското одделение Теарце лишиле од слобода 17- годишник од истото село, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По расчистување на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 14.07.2026 во 04:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода С.Н. (45) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во нивниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 13.07.2026 околу 16:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во с. Ростуше, трицикл „јамаха“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.М. (66) од Италија, со престојувалиште во с. Велебрдо, излетал од коловозот. При тоа возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 13.07.2026 во 21:30 часот на ул. „Мурат Бафтијари“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Е.И. (46) од Тетово, затоа што при извршен површен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.07.2026 во 09:40 часот во СВР Куманово С.Т. (68) од Куманово пријави дека, додека извршувал градежни работи, во близина на неговата викендица во село Косматац, кумановско, пронашол две гранати. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а гранатите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
На 13.07.2026 во 19:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Т. (59) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 57- годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 13.07.2026 во 13:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.(60) и И.Х.(27), двајцата од село во општина Студеничани, скопско, по претходна пријава дека околу 12:40 часот во Старата скопска чаршија, А.Х. репетирал огнено оружје кон 36-годишен маж и неговото семејство од скопско, им упатил закани и се обидел да ги нападне. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 13.07.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје С.П.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.07.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје К.В.(24) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Р.И.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Р.С. (52) од Крива Паланка за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Во октомври 2024 година, пријавениот како вработен во правен субјект, со умисла и намера му овозможил правно дејство на претплатнички договор за користење на електронска комуникациска услуга и анекс за користење на услуга, склучен помеѓу С.А. и правен субјект од Скопје, каде при инсталирање-приклучок на пакет за тв- комуникациска услуга, во својство на монтер, активирал поскап пакет, а договорот за користење на услуги не бил потпишан од претплатникот туку од пријавениот, со што му била нанесена штета на С.А..
На 13.07.2026 во СВР Битола е пријавено дека во близина на патот с. Могила – с. Радобор, била пронајдена артилериска граната. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што било утврдено дека станува збор за артилериска граната од Првата светска војна.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Д.Б.(54) од с.Соколарци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 24.06.2026 пријавениот, по претходни нарушени меѓусоседски односи, упатил закани по животот на неговиот сосед и неговата сопруга.
ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.Ф.(39) од с.Суводол поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа“. На 17.05.2026 полициски службеници, при сообраќајна контрола, сопреле товарно возило „мерцедес“ управувано од пријавениот, при што тој на увид приложил фалсификувана возачка дозвола и лична карта.
На 13.07.2026 во периодот од 23:30 до 23:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода П.М.(39) од село Смиловци, општина Чашка, А.Ј.(39), А.В.(39), Б.Ѓ.(39), Б.М.(38) и Д.М.(39), сите од Велес, затоа што во угостителски објект во Велес, по кратка вербална расправија помеѓу А.Ј. и А.В., настанала физичка пресметка помеѓу А.Ј. и П.М. од една страна и А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. од друга страна, при што биле употребени и стаклени предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 14.07.2026 во 00:20 часот полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Б.М.(37) од пехчевско, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.В.(45) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 16.09.2025 полициски службеници извршиле преглед над лице од с.Бела Црква, прилепско, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.
На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата. На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
На 13.07.2026 во 17:15 часот, во близина на казино лоцирано на магистралниот пат Струга-Ќафасан, од слобода е лишен Е.Р.(35) од струшкото село Радолишта. При преглед во неговото возило „форд“, пронајдена е и одземена бела прашкаста материја.