Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.M. (41) од с.Горно Татеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.07.2026 полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ , кај пријавениот, кој бил сопатник, пронашле кокаин.
На 12.07.2026 во 16:26 часот во ОВР Крушево е пријавено дека на регионалниот пат Крушево- Прилеп кај место викано „Двојна кривина”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(61) од с. Житоше, општина Долнени и мотоцикл „хамачи”, без регистарски ознаки, управуван од М.Б.(26) од с.Житоше, општина Долнени. М.Б. со возило на Итна медицинска помош Крушево бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.
На 11.07.2026 во 10:54 часот во СВР Битола Б.Б.(46) од с.Меџитлија, битолско, пријави дека при изведување на градежни активности во атар на с.Меџитлија, пронашол граната. На 12.07.2026 од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола утврдено е дека се работи за артилериска гранати 75 мм од Првата светска војна, која била безбедно подигната.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.П.(41) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. На 31.05.2026 во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга.
На 12.07.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 12.07.2026 во 21:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Ј.Т.(69), затоа што на улица „Стеван Гајдов“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. При преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,90 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.07.2026 во 04:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги приведоа Г.И.(40) и С.Ј.(49), двајцата од Кавадарци, затоа што пред угостителски објект на улица „Илинденска“ во Кавадарци, го нарушиле јавниот ред и мир, при што оштетувале предмети. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Г.И. му биле измерени 1,63, а на С.Ј. му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 12.07.2026 во 10:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го приведоа Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во с. Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“. Истиот ден во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир. По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта. По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 12.07.2026 во 17:35 часот во СВР Тетово, Е.Н. (63) од Тетово пријави дека на регионалниот пат Тетово- Јажинце, во близина на с. Порој, од залутан проектил било оштетено неговото паркирано патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.07.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје А.М.(34) од с.Миладиновци пријави дека И.С. замавнал кон него со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.07.2026 во 16:25 часот во СВР Скопје С.Р.(48) од Скопје пријави дека од заталкано зрно било оштетено ветробранско стакло на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.07.2026 во 18:50 часот, во ОВР Струга приведен е Б.Б.(32) од Струга, кој претходно агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работи од областа на безбедноста. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.07.2026 во 12:45 часот, во ОВР Струга приведен е Н.Ж.(40) од струшкото село Велешта, кој претходно на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работи од областа на безбедноста. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(55) и И.М.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека А.З. сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со И.М. сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. На 08.07.2026 А.З. на второпријавениот и сега починатиот С.П. (44) од Охрид, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид им продал кокаин, а потоа тие со патничко возило „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, управувано од И.М. се упатиле кон булеварот „Туристичка“ во Охрид. Таму биле пресретнати од полициска патрола, при што И.М. не го сопрел возилото на даден знак од полициските службеници туку избегал,а бил сопрен по дополнително преземени активности. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П. од Охрид кој проголтал паковка со дрога, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај укажаната лекарска помош, тој починал.
На 13.07.2026 во 03:10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.А.(18) и А.Б.(20), двајцата од Скопје. При извршување службени дејствија, полициски службеници се обиделе да сопрат мотоцикл, без регистарски ознаки, управуван од Д.А., а како сопатник бил А.Б., при што Д.А. не застанал, односно со мотоциклот се дале во бегство. По преземени мерки, биле застанати, а при тоа со повреди се здобил полициски службеник. При извршен преглед над Д.А., била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-с.Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од Штип и мопед без регистарски ознаки, управуван од 14-годишник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, додека со телесни повреди неговиот 12-годишен сопатник, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.