Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 12.07.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 11.07.2026 околу 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје во близина на полигон патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.З.(40) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 11.07.2026 во 19:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Г.Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа" со битолски регистарски ознаки управувано од К.С.(79) од Битола и мотоцикл „џонвеј" со битолски регистарски ознаки управуван од Ж.В.(62) од Битола. По несреќата возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош Битола бил  пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 12.07.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар од возило во движење се слушнале истрели од огнено оружје. Во врска со настанот во полициска станица извршен бил разговор со три лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.07.2026 во 23:45 часот во СВР Скопје Ф.Ч.(33) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Т.Ш.(49) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 11.07.2026 во 23:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Т.(27) и И.Ц.(19) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 11.07.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје Е.Д.(36) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бутел во продажен објект била физички нападната од И.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.07.2026 во 20:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на реката Вардар после с.Радуша била пронајдена граната. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници. Истата од екипа од ЕОД ЕСН била подигната.

 

На 11.07.2026 во 17:00 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(36) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 11.07.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење. Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.  Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. 

 

На 12.07.2026 во 00:05 часот на Граничниот премин Богородица на влез во државата полициски службеници го лишија од слобода А.А.(52) од Романија поради тоа што при извршена гранична контрола констатирано било истиот евидира во оперативна евиденција со мерка „лиши од слобода“ по барање на Интерпол-Романија.  Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка и известен бил јавен обвинител.

 

 

   

 

Мени за пристапност