На 10.07.2026 во 19:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Ј.(41) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ј. констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 10.07.2027 во 18:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат кај с.Селце, прилепско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „волво" со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Н.(46) од Прилеп и мопед „шинерај" со прилепски регистарски ознаки управуван од А.П.(77) од Прилеп, при што кај истиот констатирано било дека не поседувал возачка дозвола, а сопатник на мопедот бил И.Р.(68) од Прилеп. Во несреќата возачот на мопедот А.П. и сопатникот И.Р. со возило на Итна медицинска помош Прилеп биле пренесени во Градска болница Прилеп каде на А.П. констатирани му биле тешки телесни повреди, а кај И.Р. констатирани биле телесни повреди . Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 10.07.2026 во 18:51 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од бул.„1 ви Мај" и ул.„Јоргов Камен" во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес" со битолски регистарски ознаки управувано од А.К.(50) од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки управуван од 20-годишната Е.А. од Битола. По несреќата Е.А. со возило на Итна медицинска помош Битола била пренесена во Клиничка болница Битола каде констатирани и биле тешки телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 10.07.2026 во 09:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружната крстосница помеѓу бул.„Туристичка“ со ул.„Абас Емин“ во Охрид, Г.К.(62) од Охрид кој управувал мопед „хуатијан“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловоз. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. При преземени мерки, кај мотоциклистот биле констатирани 0,74 промили алкохол во крвта. По насока на јавен обвинител, увид на местото на настанот е извршен од увидна екипа од СВР Охрид.
На 10.07.2026 во ОВР Гостивар е пријавено дека во Ургентниот центар во Гостивар е примено лице со тешки телесни повреди. Полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека лицето е Д.Р.(33) од с.Добридол, кој изјавил дека додека управувал велосипед во с.Топлица, изгубил контрола и паднал од велосипедот. Поради сериозноста на повредите, тој е препратен во Клиничкиот центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј.(43) од Р.Словенија бидејќи истиот го извадил знамето на општина Прилеп и го запалил. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.07.2026 во 22:50 часот во с.Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, постапувајќи по судска наредба, го привеле лицето Е.Р. (63) од с.Боговиње. Лицето се барало за сторено кривично дело по член 284 од Кривичниот законик, за издржување казна затвор во траење од три месеци. Истиот е спроведен во КПУ Затвор-Тетово за издржување на казната.
На 10.07.2026 во 13:00 часот, на ул.„18-ти Ноември“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(36) од с. Вруток, поради основано сомнение за сторени неколку кривични дела „кражба“ и ,,тешка кражба" на подрачјето на Гостивар и кај него се пронајдени предмети кои потекнуваат од последната кражба извршена истиот ден во маркет во Гостивар. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.07.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:30 часот на тревна површина околу паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес настанал пожар, кој се проширил и оштетил паркирано патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 40-годишната С.Ќ.Н. од Велес и паркирано патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Д.Т.(53) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од случајни минувачи и Територијална противпожарна единица Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 10.07.2026 во 23:46 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е Н.Ч.(43) од Струга кој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста спрема службено лице“ сторено на улицата „15 корпус“ во Струга. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава.
На 11.07.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје М.П.(73) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.07.2026 на 21:45 часот во СВР Скопје А.А.(40) од скопско пријави дека околу 21:00 часот во кругот на фирма во с.Глумово,скопско, каде бил вработен откако претходно слушнал звук излегол надвор и пронашол две пластични шишиња со течност и парчиња од петарда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.07.2026 во 12:20 часот во СВР Скопје Н.С.(44) од с.Долно Лисиче,скопско пријави дека во домот пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров по претходно случена сообраќајна незгода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Б.(60), Н.Б.(31) и С.Б.(36) сите од Скопје од една страна и О.А.(35), П.А.(23) и Ш.А.(63) сите од с.Буковиќ,скопско од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.07.2026 околу 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор.
На 10.07.2026 околу 10:45 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека полуотворено одделение во установата затворски службеник додека извршувал работни задачи бил физички нападнат од осуденикот Т.П.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.