Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 10.07.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л. Х. (23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.02.2026 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „спарк“,  при што кај пријавениот, кој бил сопатник, била пронајдена и одземена марихуана.                     

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му  нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари.   

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С. С. (59) од с.Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 29.05.2026 на игралиште во с. Таринци, пријавената физички нападнала малолетник.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Ш. (49) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 18.05.2026 на паркинг простор во Гостивар, пријавениот со остар предмет замавнувал и му упатувал закани на 20=годишник, кој претходно имал вербална расправија со синот на пријавениот.

 

На 09.07.2026 во 15:02 часот во СВР Тетово е пријавено дека на кружниот тек на бул „Илинденска“ со бул „Благоја Тоска“  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Р.(68) од Тетово и велосипед управуван од Б.С. (39) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 09.07.2026 во 12:35 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по наредба од Основниот суд Тетово, го приведоа Б.Х. (28) од с. Голема Речица, кој бил баран за издржување затворска казна во врска со сторено кривично дело по член 297 од КЗ. Б.Х. е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

 

На 09.07.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје 61-годишна жена пријави дека од сеф во банка, кој таа го закупила,  биле одземени пари и часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На  08.07.2026 во 10:38 часот во СВР Битола од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, пријавено е дека на место викано Тумбе кафе (поранешна касарна) во Битола биле пронајдени и безбедно подигнати 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати, сите од Првата светска војна.

 

На 09.07.2026 во 20:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М.(75) од Кавадарци, а од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди . Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 10.07.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода У.Ф.(35) од Велес. Тој се сомничи дека од двор на 54-годишен велешанец одзел разни предмети. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. У.Ф. бил спроведен во установата, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 08.07.2026 во 11:48 часот во СВР Куманово, З.Б.(56) од Општина Ранковце, пријави дека во с.Страцин, кратовско, во  неговиот двор, пронашол две неексплодирани гранати. На 09.07.2026 извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кратово во содејство со пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека се работи за две артилериски гранати од Првата светска војна.

 

На 09.07.2026 во 19:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(59) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека кај Г.П. и сопатничката С.П.(57) од Охрид, биле констатирани телесни повреди. По преземени мерки, кај  Љ.Ј. е констатирано дека имал 1,80 промили алкохол во крвта и по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот, против Љ.Ј. ќе биде поднесена соодветна  кривична пријава.

 

На 08.07.2026 во 21:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода В.С.(22) од село Злеово, радовишко. Тој е осомничен дека извршил тешка кражба во куќа во село Злеово, пријавена на 06.06.2026, при што одзел телевизор и златна нараквица. Во службен разговор лицето го признало делото, при што бил пронајден телевизорот. В.С. се сомничи и дека на 22.06.2026 во с. Габревци, општина Конче, украл мобилен телефон, кој му го дал на користење на Н.С. од село Воиславци, каде е пронајден при извршен претрес во дом.  За настаните е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 09.07.2026 во 21:50 часот во СВР Скопје Н.С.(27) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.07.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје Ј.Т.(48) од Скопје пријави дека на 08.07.2026 на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.Б.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.07.2026 во 15:50 часот во СВР Скопје Ш.Р.(24) од с.Крушопек,скопско пријави дека во с.Сарај, скопско, нејзиниот сопруг С.Ш.(29) со тврди предмети бил нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром- Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода Д.М.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека приложила патна исправа со фалсификуван штембил. Таа е задржана во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

 

На 09.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Блаце, при излез од државата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.А.(32) и М.А.(21) од една страна и Х.Р.(50) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

                 

Мени за пристапност