ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.03.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда’’. На 04.05.2026 во Тетово, по претходна вербална расправија помеѓу пријавениот и А.Е. (51) од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што пријавениот му нанел тешка телесна повреда на А.Е..
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М.(39) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 02.07.2026 пријавениот физички нападнал 40-годишник од Струга, при што му одзел мобилен телефон и пари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.06.2026 во Крива Паланка, пријавениот упатил закани по живот на неговата поранешна партнерка.
На 08.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Хец Козјак се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(63) од с.Батинци, скопско и мопед управуван од А.Д.(18) од с.Цветово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишен сопатник од мопедот, додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.07.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Тетово, во атарот на с.Ласкарци, скопско патничко возило „ауди“ со скопски регистарски, управувано од А.А.(33) од с.Сарај, скопско удрило во малолетен пешак од с.Ласкарци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.07.2026 во 13:50 часот во СВР Струмица е пријавено дека во село Робово, струмичко се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р.(42) од село Робово и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(32) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Г.Р., која била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починала. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 08.07.2026 околу 22:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(41) од Куманово удрило во паркирано товарно возило „пежо“, паркирано од С.К.(38) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 08.07.2026 во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен малолетник од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 08.07.2026 во 18:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат во с.Сенокос, гостиварско патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(31) од с.Топлица, гостиварско удрило во малолетен пешак од с.Сенокос. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 08.07.2026 во 08:55 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Затвор Штип е пријавено дека кај осуденикот Х.С.(31) од Кочани била пронајдена и одземена прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
На 08/09.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Б.(21) , А.С.(36) , П.Ј.(40), И.И.(19), Н.Н.(24) сите од Скопје, И.Е.(18) од скопско и 16-годишник од тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.07.2026 околу 09:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје е пријавено дека при извршен претрес во полуотвореното и отвореното одделение во установата во соба била пронајдена и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(53) и Б.Р.(20) двајцата од Скопје, при што Б.Р. употребил тврди предмети, додека А.Р. со остар предмет се обидел физички да го нападне Б.Р, но бил спречен во намерата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, А.В.(43) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош додека бил на своето работно место пред казино бил физички нападнат од Ш.Н.(39) од скопско, кој имал забрана за влез во казиното. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Л.(32) и Л.Л.(27) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје Е.И.(34) од Скопје пријави дека на 06.07.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од Ќ.Р. и Г.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2026 во 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В.(29) од Скопје поради тоа што околу 10:30 часот во Полициската станица Аеродром каде претходно бил повикан на службен разговор спречувал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
|
|
|
На 08.07.2026 во 07:35 часот во СВР Скопје В.Ќ.К.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров на кровот-панорама прозор од нејзиното возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки имало оштетување од заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје Ј.Г.(46) од с.Бојане, скопско пријави дека на 07.07.2026 околу 15:00 часот неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, а употребил и предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2026 во 11:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Р.(61) од Битола, по претходна пријава дека околу 10:00 часот во занаетчиски дуќан во старата битолска чаршија упатувал закани кон вработена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 година во 22:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П. од Охрид кој веднаш проголтал паковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба. Од страна на полициските службеници, повикана е Итната медицинска помош со чие возило С.П. е пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај преземените медицински мерки, тој починал. По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола. По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
На 08.07.2026 во 12:50 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода Л.М. (73) од истото село. Според пријавеното, тој претходно запалил оган на нива, во сопственост на неговиот брат, кој се проширил и зафатил сува трева, дел од игралиште, нива засадена со луцерка, во сопственост на Ѓ.А., засадени дрва ореви, во сопственост на И.Ј. мал дел од сушара за тутун, во сопственост на П.В., а постоела опасност пожарот да се прошири и да ги зафати и околните куќи. Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 08.07.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Г.А.(43) од Куманово, Ќ.М.(41), А.М.(34) и И.М.(67) сите од с.Липково, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава дека во стан на ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која Г.А. од огнено оружје, испукал неколку куршуми во воздух. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.07.2026 во 13:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Т.(34) од с.Орах, општина Старо Нагоричане, затоа што во истото село со уште едно лице, физички го нападнале М.С.(37). Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 околу 22:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (41) од Куманово удрило во паркирано товарно возило „пежо“, паркирано од С.К.(38) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 08.07.2026 во 20:30 часот, во близина на угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Тетово го лишија од слобода С.А.(19) од с.Боговиње, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по претходна пријава од К.И.(40) од Тетово, дека истиот ден од неговото патничко возило ,,бмв“ со тетовски регистерски таблици, му биле одземени пари и други предмети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 22:30 часот на ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.А.(50) од Тетово, врз основа на наредба од надлежен суд, за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 став 3 од Кривичниот законик на Р.С.М. Истиот е спроведен и предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото. Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот. Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Х.(38) од село Ливада, струшко, правно лице од Скопје, Н.Р.(42), И.Р.(42) и Е.И.(38), тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Имено, на 24.12.2025 на регионален пат Градско-Прилеп, кај Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, сопреле товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Р., а сопатник бил И.Р. – полициски службеник во полициска станица во Скопје, при што била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правното лице од Скопје. Потоа, со судска наредба бил извршен претрес во магацините на правното лице во село Камендол, росоманско, каде одговорно лице бил В.Х., и во товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, паркирано во кругот на магацинот, натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено од Е.И. При претресот биле пронајдени и одземени над 35 тони пиротехнички средства.