Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 08.07.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. М. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.07.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и  дигитална вага.

 

На 07.07.2026 во 12:25 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Седек Костоски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Н. (19) од Гостивар и велосипед, управуван од Б.И. (68) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид на местото на настанот од страна на екипа од СВР Тетово.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Т.Н. (51) од с.Злетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.  На 24.05.2026 пријавениот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна вонбрачна партнерка.

 

На 07.07.2026 во СВР Тетово, С.А. (19) од с. Долно Палчиште пријави дека околу 18:15 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, додека се движел со негови другари, бил физички и со тврд предмет нападнат од неколку лица. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода се лишени Е.И. (18) и двајца 16-годишници, сите од Тетово, а кај нив биле пронајдени и одземени тврди предмети и остар предмет. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

ОВР Кичево  поднесена кривична пријава против Е.Џ.(53)  од кичевското село Зајас и правен субјект со седиште во Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Е.Џ., во својство на сопственик и управител на правното лице, во текот на 2020 година, на катастарски парцели во Кичево, од кои дел се во државна сопственост, без одобрение за градба и друга потребна документација издадена од надлежен државен орган, неовластено изградил деловен објект. Со тоа, пријавениот го оштетил  буџетот на општина Кичево во вкупна вредност од 2.188.806 денари.

 

На 06.07.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, пријави дека на 04.07.2026 околу 20:45 часот во населбата Илинден, скопско, две лица го нападнале физички и со тврди предмети, а едното од нив му се заканило со пиштол и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.07.2026 во 19:00 часот кај арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде се одржувал фудбалски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(26) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Исто така, поради сторен прекршок од законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари биле приведени и Д.Б.(24) од с.Агино Село, кумановско и А.П.(25) од с.Миладиновци, скопско.  По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.    

 

На 07.07.2026 во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(59) со престојувалиште во Скопје, по претходна пријава дека во продажен објект допирал по телото 31-годишна жена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.              

 

На 07.07.2026 во 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Л.К.(78) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. По насоки од јавен обвинител, телото на починатата било предадено во судска медицина за обдукција.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.П. (23) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.06.2026 пријавениот на две лица од Виница им упатувал закани, барајќи да му исплатат пари, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу пријавениот и едно од лицата.

 

На 07.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Катлановска Бања, во реката Пчиња бил пронајден машки труп. По насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и расчистување на случајот.

 

На 07.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје 61-годишна жена од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со паричник, документи, пари, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 07.07.2026 во 08:25 часот во СВР Скопје 44-годишна жена од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош, женско лице од нејзиното возило одзело чанта со паричник, документи, мобилен телефон, пари и други предмети, а потоа и физички ја нападнала пријавителката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против  Ј. Д. (72) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „загрозување на сигурноста’’ . На 18.05.2026 пријавениот во семејниот дом со остар предмет и упатувал закани на неговата сопруга. 

 

 

Мени за пристапност