На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ Д.С.(25) од с.Сингелиќ, скопско, додека со телесни повреди двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „сеат леон“, И.П.(24) од с.Бразда, скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против М.С.(63) од с.Обедник, општина Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 14.05.2026 во с.Обедник, полициски службеници извршиле претрес во семејниот дом на пријавениот, при што биле пронајдени пушка и муниција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.06.2026 на место викано „Маневски мост“ во Крива Паланка, пријавениот со употреба на остар предмет го нападнал О.В..
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М. Ј. (38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.06.2026 пријавениот во семејниот дом со остар предмет и упатувал закани на неговата 28-годишна сопруга.
На 06.07.2026 во 23:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Млаки во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (59) од Гостивар, и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (70) од Гостивар. При тоа со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи Р.Ј. и О.Р., како и сопатниците М.С. (64), З.И. (45) и С.Р. (60), кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Сопатниците Д.П.Г. (59) и П.А. (54), се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 06.07.2026 во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај Б.И. (38) од Тетово. При тоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во куќата е пронајдена една рамка за пиштолот. При претрес во објект во Тетово, сопственост на Б.И., пронајдени се два пиштоли за кои немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари. Поради сомневање за сторени кривични дела, од слобода се лишени Ш.А. (62) и Е.А. (60), двајцата од Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.07.2026 во 08:10 часот, на крстосницата од улиците „15 корпус“ и „Живко Чинго“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(66) и мопед „ханглонг“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(71), двајцата од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.А., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.
На 06.07.2026 во 21:12 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(74) удрило во пешакот М.Т.(84), двајцата од Охрид. При тоа, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.
На 06.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје О.Б.(25) од с.Јурумлери, скопско, пријави дека во с.Трубарево, скопско, бил физички нападнат од С.С.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.07.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје од Конзерваторски центар-Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил срушен објект во сопственост на Е.Т. (29) од Скопје, кој бил под заштита на државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2026 во с. Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Р.Б. (65) од с.Пласница, затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициските службеници. Откако Р.Б. бил лишен од слобода, Е.Д. и А.Д., дваіцата од с. Пласница, физички ги нападнале полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 06.07.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје од Јавна установа-Меѓуопштински центар за социјална работа-СОС Детско Село е пријавено дека околу 12:30 часот во с.Сарај,скопско, нивна малолетна штитеничка, додека била во домот на И.С.- братучед на нејзина другарка, настанала расправија, а потоа дошло и до физичка пресметка. Потоа Е.И. ја нападнал и и нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.И.(22) од с.Страхојадица, скопско, по претходна пријава дека на 05.07.2026 околу 21:10 часот кај станица Зелениково, додека бил заедно со Е.Б.(24) од с.Страхојадица, В.И. упатувал закани со пиштол кон И.М.(41) и уште неколку други лица. Според пријавеното, исто така Е.Б. физички го нападнал Н.Н.(35). Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.07.2026 во 07:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (18) од Тетово (кој возилото го управувал без положен возачки испит) и товарно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Е. (24) од с. Пршовце. Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени за укажување на помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Тетово, додека сопатникот во товарното возило, А.Р. (19) од Тетово, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.П.(37) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.