Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) oд Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.03.2026 на ул.„Борис Кидрич“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Р.(32) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.08.2026 во дворот од семејната куќа на О.И., по претходна расправија, пријавениот со тврд предмет го нападнал него и неговиот малолетен син.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(46) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.08.2026 пријавениот физички го нападнал А.П. и со остар предмет му нанел две убодни рани.
На 15.09.2026 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2026 во 10:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локален пат с.Штука - с.Турново, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од М.Д.(65) од с.Штука и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(29) од с.Штука. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот М.Д. и бил пренесен во Општа болница Струмица, каде што во 13:00 часот починал. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.
На 14.09.2026 во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Х.Х.(25) од село Сопот, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 14.09.2026 во 18:43 часот во СВР Струмица е пријавено дека на патот Струмица – Радовиш, во с.Владевци, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(59) од с.Ораовица, радовишко и трактор „имт 533“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(80) од с.Сушево, општина Василево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.С., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.
На 14.09.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.Џ.(43) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 14.09.2026 во 14:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат Тетово-с.Стримница, тетовско, А.Н.(46) од с.Фалише, тетовско, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
На 14.09.2026 во 14:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(61) од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(45) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Н.Б., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 14.09.2026 во 12:53 во ОВР Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив за укажување помош дошол О.А.(31) од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во Кочани. Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.
На 14.09.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(35) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, едно машко лице со закана со остар предмет му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С (57) од Скопје. Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почуствувала удар во рамото, а по извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје. Се работи на расчистување на случајот.
На 14.09.2026 во 15:15 часот кај село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ф.К.(31) и М.К.(26), двајцата од Горно Оризари. Кај место викано „Локва“ во атар на Горно Оризари, било сопрено патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.К., а сопатник бил М.К., кое било натоварено со огревни дрва без жиг и без соодветна документација. По насоки од јавен обвинител возилото, дрвата и останати предмети биле одземени, увид на местото каде била извршена бесправна сеча извршила увидна екипа од СВР Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.(31) од Охрид и негов правен субјект со седиште во охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик. При контроли извршени на 29.08.2026 на плажа со која стопанисувале пријавените, било констатирано дека на четири малолетни лица им било овозможено купување и користење алкохолни пијалаци, без да им бидат побарани лични документи и без да се утврди нивната возраст.
На 14.09.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 09:00 часот на експресен пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 52-годишната К.Л. и патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(67), двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Љ.М., а со телесни повреди се здобила 24-годишната С.С. од Скопје, сопатничка во патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.М.(69) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Пријавениот узурпирал катастарска парцела во месноста „Град“ во државна сопственост и противправно, без соодветна документација издадена од надлежен државен орган, изградил помошен објект.
На 14.09.2026 во 23:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.М.(28) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.09.2026 во 13:35 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 38-годишната А.Ј. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека не ја почитувала одлуката од Основен суд Велес за забрана да го вознемирува, да му се приближува и директно или индиректно да комуницира со нејзиниот 36-годишен поранешен партнер. Таа му ѕвонела на неговиот број и му пишувала пораки на социјални мрежи со заканувачка и навредлива содржина . По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесe кривична пријава против Б.Б.(52) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа 23 парчиња муниција калибар 9 милиметри, кои нелегално ги поседувал.
На 14.09.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода П.А.(65) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна сопруга дека претходната вечер околу 21:00 часот во нивниот дом, физички ја нападнал и ѝ нанел повреди. Исто така, пријавено е дека тој во изминатиот период вршел физичко и психичко насилство врз нивната 49-годишна ќерка. Тој е задржан во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2026 околу 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во училишен двор од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, малолетник со тврд предмет удрил друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје, К.Б.(37) од Скопје пријави дека пред домот на подрачјето на Ѓорче Петров, пронашла заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар, С.Ш. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријави дека на 13.09.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.П.(41). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје, Е.Д.(36) од Скопје пријави дека во ходник од основно училиште на подрачјето на Бутел, Г.К. (која не била вработена во училиштето) физички ја нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи и извршија службен разговор со еден, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Затоа што управувале возило без положен возачки испит од слобода се лишени Б.Е.(33) од скопско и С.Д.(36) од Тетово, а службен разговор е извршен со 16-годишник од Свети Николе. Додека, А.У.(42) од тетовско управувал возило со активна забрана за управување на возило од Б категорија, а затоа што возеле под дејство на алкохол од слобода се лишени Д.Д.(33) од Тетово, К.Н.(33) од скопско и Х.Х.(30) од Албанија. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 14.09.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 23:00 часот на улица „Прохор Пчињски“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М(61) од една страна и С.Т.(30) и 41-годишната М.Ѓ. од друга страна, сите од Велес, при што употребиле разни предмети. Исто така, при преглед кај С.М. била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 14.09.2026 во 23:00 часот на ул.„Смилево” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода С.Т.(21) од Ресен , А.А.(19) и А. Ј.(23), двајцата од Битола. При преглед кај нив, кај С.Т. била пронајдена марихуана, додека во нивна близина пронајдени се три пакувања со марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2026 во 23:00 часот од ул. „Рампо Левката“ во Прилеп , полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода К.Т.(21) од с.Сенокос, прилепско, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, 36-годишна прилепчанка пријави дека била физички нападната од нејзиниот партнер З.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.09.2026 во 15:00 часот на патот Сенокос-Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.Б.(19) од с.Црнилиште и 17-годишник од с.Црнилиште, поради сомнение за сторено кривично дело „нелегален транспорт на огревни дрва”, при што од нив одзеле 3,70 метри кубни дабови огревни дрва и ги предале на Шумска полиција Прилеп. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2026 во 23:25 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека нејзиниот поранешен партнер Г.Ј. психички ја вознемирувал и доаѓал пред нејзиниот дом и работното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, А.Т.(32) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, Р.А.(33) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, А.„Н.“ физички ги нападнала нејзината мајка А.А.(67) и нејзината малолетна внука. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 околу 19:45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.Р.(52) и Х.С.(76), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2026 околу 19:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа С.Р.(26) и В.А.(24), двете од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки и извршен преглед, кај В.А. бил пронајден остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.