Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 14.01.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар поднесе кривична  пријава против А.И.(23) од с. Дебреше, гостиварско и Ј.Х.(27) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. На 11.08.2025 на паркинг простор пред угостителски објект на магистралниот пат Гостивар- Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај пријавените била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште   поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’. Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице- негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Г.(64) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. На 28.05.2025, пријавениот со товарно возило кое го управувал, односно при истовар на земја во приватен плац во тетовско село, скинал жица од 10КW далекувод, со што ја оштетил ЕВН Македонија.  

 

На 13/14.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(22), М.И.(39) и Б.А.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 13.01.2026 во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 13.01.2026 во 15:40 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го приведоа В.А.(53) од Норвешка, затоа што при извршена гранична проверка констатирано е дека во неговата патна исправа недостасувале неколку страници. Тој е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против Р.В.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2025 на паркинг простор на хотел во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле преглед во патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, а во кое имало уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

На 13.01.2026 во 12:00 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Д.А.(25) од с.Градец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.01.2026 во 09:55 часот во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишија од слобода К.А. (34) од Демир Хисар, кој бил баран со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело „ тешка телесна повреда”. Тој е спроведен во Казнено - поправната  установа Затвор Битола за издржување на казната. 

 

На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар  констатирал смрт. При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово,кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.

 

На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук. Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. 

 

На 13.01.2026 во 21:00 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Д.(30), А.Д.(36), Б.Д.(65) и Н.Д.(42), сите од с.Крушопек, постапувајќи по претходна пријава дека во двор од магацин во с.Лака, скопско, физички ги нападнале М.Н.(50) од с.Крушопек, неговиот брат и неговиот син, при што употребиле и остри предмети. Според пријавеното, М.Н., неговиот брат и неговиот син возвратиле на нападот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

 

На 13.01.2026 во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(56) затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.01.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(56) од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.01.2026 во 21:50 часот во СВР Скопје, В.С.(49) и Б.Н.(33), двајцата од Скопје, пријавија дека на подрачјето на Ѓорче Петров со тврд предмет биле нападнати од Ј.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Мени за пристапност