Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 13.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 13.09.2026

На 12/13.09.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Н.(41), В.Б.(57), И.Д.(40), Х.Б.(34), Л.Ј.(47), Б.Ц.(18) сите од Скопје и Ј.О.(31) од Р.Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 13.09.2026 во 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа П.М.(27) од Кавадарци, по претходна пријава дека во казино во Кавадарци агресивно се однесувал, по што, од страна на обезбедувањето бил изнесен од објектот,  не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија и ги навредувал. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,42 промили алкохол во крвта. П.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.09.2026 во 12.23 часот во  СВР Битола била  пријавенa сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. „Солунска", ул. „Димо Хаџи Попов" и ул. „Михајло Бојаџиев" во Битола помеѓу патничко возило „мерцедес" со битолски регистарски ознаки управувано од Д.Ќ.(26) од Битола и моторцикл со битолски регистарски ознаки управуван од Т.Л.(22) од с.Кравари, битолско.По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

На 12.09.2026 година во 08:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце лишиле од слобода 59 годишно лице од с. Јегуновце. Претходно, во 08:10 часот, неговата 59-годишна сопруга пријавила дека во утринските часови во нивниот семеен дом, лицето во видно алкохолизирана состојба, агресивно се однесувал и вербално ја навредувал. При алкотестирање кај него биле измерени 0,87 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.09.2026 година во 15:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате лишиле од слобода 30 годишен жител од с. Неготино поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Претходно, во 13:25 часот во ПО Галате, неговиот 67-годишен татко, пријавил дека неговиот син му упатил сериозни закани. Лицето е задржано во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

 

На 12.09.2026 година во 15:30 часот на ул. „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 48 годишно лице од Тетово поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство (по член 130 од Кривичниот законик). Настанот во 14:20 часот го пријавила неговата 41-годишна сопруга, која изјавила дека на 04.09.2026 година околу 10:00 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.09.2026 година во 21:00 часот на ул. „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 43 годишно лице од Тетово. Истата вечер во 22:00 часот, неговиот 67-годишен татко пријавил дека околу 20:30 часот во семејниот дом, по претходна вербална расправија, неговиот син започнал агресивно да се однесува, да го навредува и да му упатува закани. При извршено алкотестирање кај лицето било утврдено присуство од 1,05 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 13.09.2026 година во 01:30 часот во с. Камењане, полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Б.И.(39) од с. Камењане. При преглед кај лицето била пронајдена и одземена кесичка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.09.2026 во 23.00 часот на ул. „Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола  ги лишија од слобода  Д.Ј.(39)  и Г.Н.(37) од Битола бидејќи при преглед кај Д.Ј. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.09.2028 година во 22.45 часот, на улица „27 април“ во Струга, лишени од слобода се Д.Т.(44) и М.Б.(47), двајцата од Струга. Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга при преглед кај Д.Т. пронајдоа и одзедоа опаковка со кафеава прашкаста материја додека при преглед извршен по судска наредба во домот на М.Б. пронајдена и одземена била алуминиумска фолија со кафеава прашкаста материја и метална дигитална вага. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 12.09.2026 година во 07.30 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Враништа, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(36) од селото Лабуништа и „голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Е.Ќ.(54), до селото Велешта. Притоа, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид како и Е.Б.(27) од Лабуништа, сопатник во првото возило. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

 

На 12.09.2026 околу 10:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино во трговски центар на подрачјето на Центар едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2026 во 19:20 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со З.З.(26) од Скопје, по претходна пријава дека на 11.09.2026 во домот физички ја нападнала нејзината 56-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.09.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Т.( 62) и К.Ј.( 46). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.09.2026 во 18 :00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Сопиште, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Ј.(62) и Т.Ј.( 58) . По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.09.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар во напуштен објект во близина на установата, а во пожарот од пад на греда било оштетено паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Б.. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 12.09.2026 околу 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во правец од Граничниот Премин „Блаце“ кон Скопје на место викано „Вражји вир“, полициски службеници од РЦ Север-ОПКМ забележале товарно возило „фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки кое било натоварено со разновидна криумчарена стока и се обиделе да го сопрат, но возилото продолжило со движењето. Откако полициските службеници по кратко време го сопреле, при обид возачот да биде приведен дошло друго возило од кое излегло едно лице и физички нападнале еден од полициските службеници кој потоа едно од лицата го фатило за раката и бил влечен со возило кое другото лице го управувало, по што бил пуштен и при падот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.09.2026 околу 17:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека во с.Колешино настанал пожар во објект. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Струмица. Повредени лица нема. Увид ќе се врши. 

На 12.09.2026 во 11 : 15 часот во Полициското одделение Нов Дојран А.С.( 72) пријави дека бил физички нападнат од П.И. (66) . Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2026 околу 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат В.М.(53). Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

На 12.09.2026 во 07.00 часот во СВР Струмица, К.Ј.(43) од Радовиш пријавил дека околу 04:15 часот додека бил во семејниот дом,  Л.З., Н.Т. и Д.Т. сите од Радовиш, насилно влегле во домот, агресивно се однесувале и му упатувале закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност