Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 12.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 12.09.2026

На 11.09.2026 во 08.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Мирче Ацев“ со ул. „Трајко Тарцан“ во Прилеп се случила  сообраќајна несреќа во која патничко возило „пежо" со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Т.(72) од Прилеп удрило во велосипедист К.Д.(51) од Прилеп. По несреќата велосипедистката била пренесена во Градска болница Прилеп каде од страна на доктор констатирани и биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

 

На 12.09.2026 во 05.00 часот во Ресен на ул.„Мите Богоевски", полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода Т.Н.(27) од Ресен, Д.А.(26) од с.Златари,ресенско и С.Т.(21) од с.Избишта, ресенско бидејќи при преглед кај Т.Н.и Д.А. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 11.09.2026 година во 19:00 часот, на улица „Пролетерски Бригади“ во Струга, приведен е Л.Р.(25) од Струга. При извршен преглед, од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 11.09.2026 година во 22:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Стража, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.И.(34) од с. Чегране, во кое како сопатник бил Х.К.(28) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(21) од Тетово со сопатник Ф.Ј.(21) од Тетово. Во несреќата, од страна на лекар од Итна медицинска помош на лице место е констатирана смрт кај возачот Д.Н., додека останатите три лица се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар каде им се констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 11.09.2026 година во 14:55 часот, во местото викано “Жировничко анче”, се случила сообраќајна несреќа во која мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Р. (55) од Битола, излетал од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар Гостивар, по што е препратен на Комплекс Клиниките ,,Мајка Тереза" во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

 

На 11.09.2026 во 20:50 часот во СВР Велес, 40-годишна велешанка пријави дека во домот, нејзиниот малолетен син физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 11.09.2026 година во 19:00 часот  полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода П.Ј.(40) од Кратово, затоа што на улица „Никола Тесла“ во Кратово  со остар предмет нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

На 11.09.2026 година во 20:45 часот, во с. Боговиње, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ управувано од А.Д.(24) од с. Челопек. При преглед кај возачот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е лишено од слобода. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 11.09.2026 година во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.П.(44) од Тетово, бидејќи при преглед кај него била пронајдена најлонска кесичка со кафеава прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 11.09.2026 година во 23:20 часот, пред угостителски објект во с. Боговиње, полициски службеници го лишиле од слобода Н.С.(32) од с. Здуње, кој управувал патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки. При прегледот кај него е пронајдена кесичка со бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 12.09.2026 година во 00:40 часот, во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Ј.(21) од с. Бозовце, при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.09.2026 година во 18:30 часот, на ул. „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода И.П.(68) од Гостивар. Тој бил пријавен од неговата 65-годишна сопруга дека истиот ден околу 15:00 часот во нивниот семеен дом физички ја нападнал, го оштетил нејзиниот мобилен телефон, а и упатил и вербални закани во моментот кога таа дошла во полициската станица да го пријави настанот. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

 

На 11.09.2026 година во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(51) од с. Раковец. Претходно, Р.А.(46) од Филипини, со привремен престој во Крушево, пријавила дека на 01.09.2026 година во нивниот заеднички стан во Тетово, по кратка расправија, Ш.А. физички ја нападнал и ѝ нанесол телесна повреда. Тој е задржан во полицициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.09.2026 во 21:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(50) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следува соодветен поднесок.



На 12.09.2026 околу 02:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат н.Илинден-с.Миладиновци кај базата Брест се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.Т.(19) од с.Агино Село, кумановско и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.А.(51) од с.Марино,скопско. Во несреќата на местото на настанот починале возачот А.А. и неговиот 17-годишен сопатник од с.Марино, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ф.Т., неговиот сопатник Д.Б.(19) од с.Агино Село и 17-годишна сопатничка од возилото „хјундаи“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Судска медицина за обдукција.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(26) и А.А.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 05.08.2026 во угостителски објект на подрачјето на населба Ченто, скопско, пријавените упатиле закани кон едно лице за да изнудат парични средства за непостоечки долг.

На 11.09.2026 во 21 : 50 часот во СВР Скопје Д.Б.(39) од с.Брњарци, скопско пријави дека од заталкано зрно од огнено оружје била оштетена хаубата од неговото патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 11.09.2026 околу 16:5 0 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово,скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(43) и Х.А.(41). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.09.2026 во 23:00 часот во СВР Струмица 40-годишна жена од струмичко пријави дека едно лице кое го познавале извршило обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2026 во 02 : 00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Пат за Китка“ по претходна расправија Ф.А. и Д.А. биле физички нападнати од Е.М., Ф.М., И.М. и И.М. , а биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2026 во 02 : 40 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Градскиот парк во Скопје двајца малолетници биле физички нападнати од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Мени за пристапност