Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 32-годишната Ј.А. од Скопје и Р.Т.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори “. На 04.09.2026 на место викано „Стопанче“, во близина на с.Галичник, полициски службеници извршиле преглед над Ј.А. и пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и психоактивна супстанца со халуциногено дејство. Исто така, полициските службеници го забележале Р.Т. како фрлил кокаин, марихуана и амфетамин, кои ги пронашле и одзеле.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Х.(37) од с.Дуф, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.07.2026 во с.Јеловце, гостиварско, пријавениот физички нападнал припадник на Шумската полиција додека извршувал службени дејствија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 30.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал својот брат.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.К.(49) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.03.2026 во населба Дошница, атар на општина Демир Капија, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа, сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка и 115 парчиња муниција.
На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени над 20 дуќани со текстилна и друга роба, сопственост на С.С., кој ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2026 во 12:35 часот на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Е.С.(22) од с.Врбјане, гостиварско. Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 10.09.2026 во с.Сарај, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Х.(25) од с.Радуша, општина Сарај, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија. При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.
На 10.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Д.К.(66) од с.Ново Село, скопско, пријави дека околу 20:00 часот забележал дупка на капак од буре, кое било во дворот, по што во бурето пронашол зрно од огнено оружје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(26), С.С.(42) и Д.А.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „изнуда“. На 17.08.2026 во Скопје, на паркинг простор, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, првопријавениот упатил закани кон едно лице, по што сите физички го нападнале.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 09.06.2026 во Тетово, пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете.
На 10.09.2026 во 17:40 часот во струшкото село Калишта, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода П.П.(41) од Скопје. При извршен преглед кај него пронајдено е и одземено пакување со бела прашкаста материја, а во неговиот автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, пронајдено е пакување со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 17:45 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Д.Б.(20) од Берово, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а претходно откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 08:30 часот во ОВР Берово, 45-годишен маж од беровско пријави дека на 06.09.2026 околу 19:00 часот, по претходна расправија во семејниот дом, тој и малолетниот син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга од беровско. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 11.09.2026 во 01:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(39) од Прилеп, бидејќи физички го нападнал неговиот син и му нанел повреди. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж пријави дека на 06.09.2026 во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата сопруга А.Б.(37). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Х.З.(49) од с.Бојане, скопско, пријави дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(37) од Скопје пријави дека на 08.09.2026 на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, В.Ј.(69) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од И.П.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.09.2026 во 17:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Д.(28) од Неготино. Тој се сомничи дека со употреба на сила ја отворил влезната врата од домот на 50-годишен неготинец и се обидел да одземе разни предмети. И.Д. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.09.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 54-годишната К.Т. и Д.С.(51), двајцата од Велес. Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека во домот, неговата сопруга К.Т. физички го нападнала. Исто така, тој пријавил дека на 02.09.2026, сопругот на неговата вонбрачна партнерка Д.С., телефонски му се заканувал. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 11.09.2026 во 02:00 часот на влез на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.С.(39) од Германија затоа што по извршени проверки било констатирано дека непријавено престојувал во државата. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 18:20 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во река во близина на с.Негорци, гевгелиско, кај место викано „Кајнак“, била пронајдена стара граната. Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за подигање на гранатата.