СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(28) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.09.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.П.(33) и 16-годишник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба“ во обид. На 01.05.2026 во приватна фирма во Виница, пријавените одзеле вреќи со бакарни предмети, а на 10.05.2026 на истата локација се обиделе да одземат други бакарни предмети.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Ј.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 23.08.2026 пред неговата куќа, пријавениот физички нападнал 12 - годишно дете.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.С.(31) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 20.03.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што била пронајдена и одземена муниција, за која пријавениот не поседувал дозвола.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Н.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 07.07.2026 во Медицински центар Гостивар, при примање на терапија, пријавената агресивно се однесувала и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 09.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишија од слобода П.Р.(34) и Г.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.09.2026 во 22:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с.Мала Речица, тетовско, 16-годишник од с.Мала Речица, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 09.09.2026 во 20:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(64) од Тетово. Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 284 од Кривичниот законик. Е.А. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 09.09.2026 во 09:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 08:30 часот во обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана со пиштол од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2026 во 00:55 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.С.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Р.(29) и 57-годишната Р.Р., двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Центар физички ја нападнале 23-годишната невенчана сопруга на Р.Р.(29). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.09.2026 во 09:35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.С.(68) од Берово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница. Како што е пријавено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во кругот на правното лице, возилото се превртело и тој се здобил со повредите. Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Б.(31) од с.Копаница, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во април 2026, пријавениот довел во заблуда лице од с.Шипковица, тетовско, со кој склучил купопродажен договор за товарно возило, за кое требало да исплати 11.000 евра.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(43), Ф.И.(25), Ш.И.(38), Б.И.(28) и А.И.(51), сите од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.06.2026 во дворот на семејна куќа во Тетово, каде што живеат пријавените, по претходна расправија помеѓу двајца од пријавените, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(66) од с.Мала Речица, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во 2025 пријавениот следел женско лице од Тетово и телефонски и упатувал закани.
ОВР Берово поднесе кривична пријава против Ѕ.Г.(57) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.08.2026 пријавениот во с. Смојмирово, беровско, физички ја нападнал поранешната сопруга.
На 09.09.2026 во 18:00 часот на ул,,Кеј 9 Септември” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.И.(36) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој на катастарска парцела во Охрид, без одобрение за градба, неовластено изградил две индивидуални семејни куќи, што било констатирано при извршен инспекциски надзор.
На 09.09.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 50-годишен маж од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Исто така, и 50-годишникот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна сопруга, која фрлала разни предмети кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.09.2026 во 21:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека на плажа на струшкото крајбрежје, албанскиот државјанин С.Г. физички ја нападнал неговата 37 - годишна партнерка од Струга. По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.09.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.В.(57) од Прилеп, затоа што физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија и постапувале по пријава дека претходно се заканувал на неговата сопруга. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.М.(39), Д.Е.(47) и К.С.(45), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.09.2026 во с. Галичник, општина Маврово и Ростуше, од страна на полициски службеници на паркинг простор во патничко возило „форд“ и во личниот багаж на пријавените биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и МДМА таблети.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ж.П.(77) од делчевско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „загрозување на сигурноста“. На 21.07.2026 во селото, пријавениот упатил закани кон неговата снаа за брат.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.05.2026, пријавениот преку мобилна апликација испратил пораки со заканувачка содржина на својата сопруга, со која е во бракоразводна постапка.
На 09.09.2026 во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека нејзината малолетна ќерка била вознемирувана и допирана по телото од М.Г.(63), пријател на нејзиниот сопруг Б.М.(46), кој е очув на нејзината ќерка. Истиот ден, 45-годишната жена пријавила и дека на 05.09.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.М.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.