СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.М.(46) од с.Моноспитово, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 29.09.2025 на патот помеѓу с.Босилово и с.Моноспитово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 08.09.2026 во 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Мешеишта, општина Дебрца, патничко возило „линк ко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(45) од Република Хрватска, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 во ОВР Струга, тој пријавил кривично дело „грабнување“ кое наводно му било извршено во Струга од повеќе лица и со закана со огнено оружје. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавениот лажно го пријавил кривичното дело, по што бил повикан на службен разговор и признал дека лажно пријавил кривично дело.
На 08.09.2026 во 14:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 37-годишна жителка на селото. Според пријавеното, таа околу 12:00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот 40-годишен сопруг. За настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 20:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 57-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 53-годишна сопруга. Тој е задржан во полициска станица, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 21:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.К.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 15:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.Б.(41) од село Горно Оризари, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Велес, каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Виница поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, агресивно се однесувал и упатувал закани на својата сопруга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Џ.(57) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот во повеќе наврати следел и вознемирувал 49-годишна жена од Гостивар, а притоа и упатувал ѝ закани.
СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Р.(35) од с.Криволак, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.12.2025 во с.Криволак, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
На 08.09.2026 во 20:25 часот на ул. „Боро Вулиќ“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.А.(35) од Тетово, затоа што при преглед над него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му следува соодветен поднесок.
На 08.09.2026 во 22:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода Г.И.(28) од Битола. Според пријавеното, Г.И. во семејниот дом со остар предмет го нападнала нејзиниот татко и му нанела расекотина. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 12:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.Ц.(27) од Штип, со живеалиште во Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“ извршена во спортска обложувалница и две кривични дела „дрска кражба“ извршени во текот на минатата недела. Тој е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 10:17 часот во ОВР Берово е пријавено дека настанал пожар кај место викано „Грамадна“ на планината Огражден, во атар на с.Двориште, беровско. Според пријавеното, З.К.(53) од с.Двориште, беровско, запалил стрниште на негов имот, но огнот зафатил нискостеблести растенија на поголема површина. Повредени лица нема, а пожарот го изгаснала екипа од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид бил извршен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 20:20 часот во тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Р.Н.(46) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата снаа дека во двор од семејниот дом со тврд предмет ги нападнал неа и нејзината седумгодишна ќерка. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2026 во 15:00 часот во СВР Штип, М.Е.(42) од с.Калаузлија, општина Карбинци и А.Н.(63) од општина Карбинци, двајцата припадници на Шумска полиција, пријавиле дека при извршување службени дејствија во Плачковичкиот регион, биле попречувани од С.О.(20) од с.Парналија, општина Карбинци, кој притоа и физички го нападнал М.Е..За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 30-годишник од делчевско село пријави дека бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Е.Д.(29) и нејзините родители, од истото село. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2026 во 00:30 часот во Скопје, од арена „Тодор Проески “, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа В.Г.(23), Р.Т.(23) и Д.К.(22), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнале Д.Н.(18) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2026 во 01:00 часот во Скопје, од арена „Тодор Проески“, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.К.(57) и В.Т.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2026 околу 22:55 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен со повреди од остар предмет М.И. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2026 во 14:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Г.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 16-годишен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2026 во 16:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 64-годишна жена од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Центар, физички ја нападнала нејзината 39-годишна ќерка. На 09.09.2026 околу 07:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор и со 39-годишната жена, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 64-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.09.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ј.(38) и А.Г.(33), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2026 во 21:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Г.М.(45) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2026 во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ј.Н.(44), В.Б.(49) и Д.Б.(52), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека заедно со Д.Б.(28) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.