На 07.09.2026 во 17:35 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(52) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата Ј.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Додека, при преземање мерки и вршење увид било констатирано дека Ј.Т. го управувал електричниот тротинет под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава.
На 07.09.2026 во 19:25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишија од слобода Л.А.(25) од Свети Николе и Д.С.(19) од Штип. Полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник бил Д.С. и при преглед кај Л.А. била пронајдена и одземена марихуана, а кај Д.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.09.2026 во 10:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп-Битола, во с.Тополчани, патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(48) од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата, Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. При преземање мерки и вршење увид било констатирано дека Т.Н. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 1,74 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава.
На 07.09.2026 во 15:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја вознемирувал неговата 41-годишна поранешна сопруга, доаѓал во близина на нејзиниот дом и работното место и се обидувал да воспостави контакт со неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,81 промили алкохол во крвта. Л.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.09.2026 околу 13:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека во с.Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокрино, струмичко, без возачка дозвола и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокриево, без возачка дозвола. Во несреќата малолентикот од с.Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
На 07.09.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(45) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:10 часот физички го нападнал неговиот 76-годишен татко и на тој начин постапил спротивно на судска одлука за заштита од семејно насилство. По целосно документирање на случајот, против А.М ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.09.2026 во 23:02 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека околу 22:10 часот во семејниот дом во Крива Паланка, 24-годишник бил физички нападнат од неговиот малолетен полубрат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје. Имено, според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на с.Арачиново, скопско, откако од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба со друго лице, со огнено оружје пукало кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.09.2026, полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од с.Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 152-а во врска со чл. 24 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска. Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките. З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.09.2026 во 22:10 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода М.А.(30) од с.Боговиње. Тој се превезувал како совозач во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(24), и откако ги забележал полициските службеници фрлил две пакувања со марихуана на коловозот. Дрогата е одземена, а М.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 23:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.Х.(57) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека се однесувал агресивно и се заканувал на неговиот 35-годишен син. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 07.09.2026 во 21:35 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Р. (32) од с. Бозовце, Ј.Ш. (48) и А.А. (35), двајцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив, кај Ј.Ш. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 21:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.А.(39) и О.М.(52), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 22:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(28) од Тетово. При преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.09.2026) во 01:35 часот, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.Т.(32) од делчевско село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 24-годишна невенчана сопруга. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 07.09.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (75) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговиот 73-годишен брат и неговата 69-годишна снаа за брат. При преземање мерки било констатирано дека е под дејстов на алкохол, односно му биле измерени 1,07 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(22) и А.Ј.(20), од една страна и Ј.Н.(25) и Ј.Н.(25), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 16:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.Д.(49) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 02:55 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.П.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговиот 78-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 23:45 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Teaрце ја лишија од слобода И.М. (60) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:55 часот во семејниот дом, по претходна расправија, И.М. физички ја нападнала нејзината 31-годишна снаа. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 03:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев" во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Н.Т.(72) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.09.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен О.Е.(19) од с.Света петка, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за градежна фирма на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје. известене трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 07.09.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје, К.Е.(26) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар на нејзиното патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
На 07.09.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, Љ.М.(49) од Скопје пријави дека околу 10:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно повозрасно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, В.Д.(55) од Скопје пријави дека околу 00:45 часот на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно повозрасно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.09.2026 во 15:50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.К.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 06.09.2026 во домот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2026 во 14:15 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.Б.(39) од с.Батинци, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во каменолом во скопско.
На 07.06.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово, скопско, Н.М.(20) и К.М.(24), двајцата од с.Горно Свиларе, скопско, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.