На 06.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Н.(31), Н.С.(49), Н.А.(30) и 17-годишник, сите од Скопје, А.И.(32) од Скопје, со место на живеење во Германија, З.Ш.(22) од с.Крушопек, скопско, Е.А.(21) од с.Сарај, општина Сарај и Д.С.(39) од Прилеп, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.09.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистичка полиција Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.Д.(62) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Во периодот од декември 2022 година до декември 2025 година, пријавениот, како вработен во ЈП „Комуналец“- Свети Николе на работно место одржувач на вода, а согласно усна наредба распореден како инкасатор во Градскиот пазар за наплата на сметки за вода и погребални услуги, противправно присвоил пари од граѓаните, наплатени по основ на сметки за погребални услуги во вкупен износ од 82.180 денари.
На 06.09.2026 околу 13:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на патот Крива Паланка- Куманово, во атар на с.Градец, 50-годишниот М.Н. од с.Кутија, неготинско, управувајќи мотоцикл со неготински регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во банкина и метален столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот возачот починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
На 06.09.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с,Ржаничино, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ќ.(35) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 07.09.2026 во 01:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Г.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Кавадарци агресивно се однесувал, фрлал предмети кон неговата 31-годишна сопруга и им се заканувал на неа и на нивната малолетна ќерка. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека В.Г. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,97 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.09.2026 во 08:15 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(29) од село Војшанци, неготинско. Тој се сомничи дека од плац за градежни материјали, сопственост на правно лице од Неготино, одзел метални предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.09.2026 во 20:55 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Ж.(26) од Гостивар и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Галате, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 06.09.2026 во 10:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Мавровска Крстосница–Дебар, во с.Ростуше, на место викано „Ростушки Вител“, 42-годишниот М.П. од Скопје управувајќи мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Здравствен дом Ростуше. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 06.09.2026 во 16:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека З.С. бил агресивен кон неговата сопруга и физички ја нападнал, а и од претходно имал судско решение за забрана за вршење семејно насилство. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.09.2026 во 21:25 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Теферич го лишија од слобода З.В.(35) од с. Велешта, постапувајќи по претходна пријава дека бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.09.2026 во 16:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека М.Л.Ц.(72) од Полска, управувајќи четирицикл на земјен некатегоризиран пат во близина на охридското село Куратица, изгубил контрола и паднал. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На 06.09.2026 во 20:40 часот, во близина на спортска сала во Струга, приведени се Х.К.(26) од струшкото село Враништа и црногорскиот државјанин Б.Ч.(25), откако претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(39) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тој, во лифт од зграда физички го нападнал Д.М.(40), двајцата од Струга, по што насилно му одзел пари и мобилен телефон.
На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ, односно затоа што управувале возило без положен возачки испит. Од слобода се лишени Б.С.(33), Е.С.(19) и 17-годишник, сите од скопско, Е.З.(28) од Гостивар, Е.М. (25) од село во општина Долнени, Ј.Ѓ.(41) од делчевско, 14-годишник и Д.А. (23), двајцата од Кочани. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 06.09.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Б.(44). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 06.09.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје 40-годишна жена пријави дека во здравствена установа на подрачјето на Карпош, нејзиниот сопруг Н.Ќ. и упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден починат Д.М.(60) од неготинско, осуденик во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.