На 05.09.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.И.(36) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 05.09.2026 во 11:40 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Mаршал Tито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувала И.Д.(34) и мотоцикл „томос“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(65), двајцата од Кичево. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа од ОВР Кичево.
На 06.09.2026 во 02:35 часот, во СВР Охрид приведени се А.Ф.(31) од струшкото село Велешта и германскиот државјанин Ј.Н.(30). При контрола во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ во Охрид, кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.09.2026 во 14:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.Ф.(40) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.09.2026 во 14:20 часот во СВР Куманово, 48-годишна жена од Куманово, пријави дека околу 12:00 часот во семејната куќа во Куманово, била физички нападната од нејзиниот син М.Џ.(26) и нејзината снаа Б.Р., двајцата од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ја лишија од слобода А.Џ.(29) од Штип. При преглед кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (06.09.2026) во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода О.Р.(23) од Штип, по претходна пријава за семејно насилство врз неговата 24-годишна сопруга од Штип, при што таа се здобила со повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 05.09.2026 во Полициската станица Струмица e пријавено дека на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(74) од Струмица, удрило во пешакот Т.К.(69) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 05.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.С. (55) од Гостивар, постапувајќи по пријава на 04.09.2026 година во 19:10 часот од 40-годишна жена од Гостивар дека во ноќните часови помеѓу 01.09 и 02.09.2026 во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.09.2026 во 19:00 часот во с. Галичник, на паркинг простор, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д.Е. (47) од Скопје. При преглед кај него, биле пронајдени и одземени марихуана, шест пакувања со бела прашкаста материја и едно пакување со халуциногени печурки. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.09.2026 во 00:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар запреле патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ј. (49) од с. Шемшово, тетовско. По констатиран сообраќаен прекршок, А.Ј. почнал агресивно да се однесува и физички нападнал полициски службеник. Тој е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 06.09.2026 полициски службеници од ПО Галате го лишија од слобода Х.А.(47) од гостиварско село, постапувајќи по пријава од неговата 49-годишна жена, дека на 05.09.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом, физички и со стаклен предмет ја нападнал. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки. Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(49) од с.Арачиново, скопско, пријави дека во двор од неговата куќа во с.Арачиново, од залутано зрно од огнено оружје му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, Г.К.(44) од Скопје пријави дека на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице и го одзело паричникот, во кој имало пари и личен документ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје, таа и нејзиниот поранешен сопруг, биле физички нападнати од нивниот малолетен син, кој има здравствени проблеми, а искршил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2026 во 17:30 часот во ПС Ѓорче Петров извршен е службен разговор со М.А.С.(20) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна поранешна партнерка, дека околу 04:00 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, физички ја нападнал и одзел пари од чантата и и упатил закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 05.09.2026 во 13:43 во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“- Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје е донесен Х.Р.(71) од с.Кондово, скопско. Според пријавеното, пред трговски центар на подрачјето на Општина Сарај, додека се движел накај неговото паркирано патничко возило, бил погоден од залутано зрно од огнено оружје. Извршен е увид, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.09.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 70-годишен маж од Скопје пријави дека од 18.01.2026 до крајот на февруари 2026 година бил измамен од А.„Н“ за сума од 720 000 денари. Според пријавеното, А.„Н“ побарал пари од него со образложение дека му се потребни за лекување на синот во странство, а потоа му земал и пари за наводно регулирање на долг за вода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Ф.Ф.(44) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил во централното подрачје на Скопје, додека извршувал работни задачи во Јавно претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.09.2026 во 00:09 часот во СВР Скопје, Б.А.(58) од Скопје, вработен како возач на камион во Јавно претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје пријави дека на 05.09.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, додека извршувал работни задачи, се здобил со повреди, по што се упатил во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.09.2026 во 01:13 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Л.А.(20) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:20 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, тој бил физички нападнат од М.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.09.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом во Скопје, со тврд предмет била нападната од нејзиниот сопруг, а и го оштетил и мобилниот телефон и и се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 05.09.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско настанал пожар во куќа, сопственост на Т.П.. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид.
На 05.09.2026 околу 22:20 часот во СВР Скопје, Г.Ѓ. (37) од Скопје пријави дека околу 20:00 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, од заталкано зрно од огнено оружје му бил ошететен олукот од семејната куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.