Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 05.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 05.09.2026


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Р.(45) и Љ.Д.(40), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“. На 25.05.2026 во Свети Николе, пријавените вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ - Свети Николе“, за време на неработни денови, првопријавениот како референт за превоз, а второпријавениот како ракувач со градежна машина, неовластено го користеле службениот трактор и теренското возило за сопствени потреби и извршиле пренос на огревно дрво од реонот на Шумско стопанска единица Ѓуриште до своите домови во Свети Николе.

                 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ј.(52), Д.Ј.(26) и Н.Ј.(31), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. На 22.08.2026 за време на одржување на настан „Мото собир“  во Прилеп, пријавените се однесувале недолично и агресивно кон полициски службеник, а потоа физички нападнале полициски службеник, додека извршувал службени дејствија, додека пак првопријавениот му упатувал закани кон него и неговото семејство.

 

На 05.09.2026 во 04:04 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Скопје на ул.„Браќа Реџепагиќ“ поточно на паркинг во круг на училиште има опожарено возило. Полициски службеници констатирале дека патничкото опожарено возило е „опел астра“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Н.Ш.(56). Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2026 во 07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Л.Н.(46) од Скопје и електричен тротинет, управуван од женско лице, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 46-годишната Л.Н., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

На 04.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Ј.(27) од општина Чучер Сандево и В.С.(30) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

На 03.09.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.С.(48) од Свети Николе и мотоцикл со германски национални ознаки управуван од О.Б.(43) од Скопје, со престој во Р.Бугарија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

На 05.09.2026 во 00:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.С.(53) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувал на Љ.Т.(67) од Неготино. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

На 04.09.2026 во 21:15 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Ц.(62) од село во демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 56-годишен брат дека со дрвен предмет физички го нападнал. Подоцна и Т.Ц пријавил дека  бил физички нападнат од неговиот брат. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

На 04.09.2026 во 22:00 часот во СВР Велес, 41-годишен велешанец пријави дека неговата поранешна сопруга И.Т. физички ја нападнала нивната малолетна ќерка со дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

На 05.09.2026 година во 04:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(45) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 05.09.2026 година околу 00:20 часот во казино во Куманово, физички го нападнал Г.Р.(33) од Куманово, кој извршувал работни задачи како обезбедување. А.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

 

На 03.09.2026 во 11:00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е Р.К.(24) од Истанбул, Република Турција. Тој, се сомничи дека врбувал,  поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција.  По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

 

На 04.09.2026 во 17:20 часот на улицата „Илинденска“ во Охрид, приведен е Н.М.(61) од Охрид кој ги навредувал и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По преземени мерки, кај него биле утврдени 0,19 промили алкохол во крвта и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

 

 

На 04.09.2026 во 21.50 часот, во струшката населба „Плитишта“, лишен од слобода е Г.С.(47) од охридското село Долно Лакочереј. При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

На 04.09.2026 во 16:30 часот, на локалниот пат помеѓу струшките села Заграчани и Долна Белица, лишен од слобода е А.М.(85) од село Заграчани кој претходно, кај месноста „Лок“, подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

На 04.09.2026 во 12:55 часот, на регионалниот пат Дебар-Маврово кај „Бошков мост“, Б.Р.(64) од Дебар, управувајќи моторцикл „Харли Дејвидсон“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во металната еластична ограда. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

 

На 04.09.2026 во 18:15 часот, на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 17 годишен малолетник од с. Копачиндол. При преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 21:00 часот, во с. Камењане, полициски службеници од ПО Камењане го лишија од слобода Ф.Е.(28) од истото село, кај кого при преглед е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС Гостивар, 35 годишна жена од гостиварско село пријавила дека на 03.09.2026 околу 23:50 часот во нивниот дом била физички нападната и малтретирана од нејзиниот сопруг В.М. (36). Истиот ѝ упатил и закани по животот. На 04.09.2026 во 22:50 часот, на ул. „Илинденска“ во Гостивар В.М. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 19:10 часот во ПС Гостивар, 40-годишна жена од Гостивар пријавила дека во ноќните часови на 01/02.09.2026 во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 04.09.2026 во 18:30 часот во местото викано Бунец, во близина на хелиодромот, полициски службеници од ПО Маврово затекнале две лица при бесправна сеча на дрва. Лишен од слобода е В.Н.(38) државјанин на Република Албанија кој не поседувал документи за идентификација. Извршен е увид од страна на екипа на ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2026 околу 15:05 часот, полициски службеници од ПС Гостивар по претходно пријавена вербална расправија помеѓу роднини со нарушување на јавниот ред и мир ги лишија од слобода М.А. (64), Х.А. (40), В.А. (49), Ф.А. (51) и Ј.Х. (28). По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од ПС Тетово ги лишија од слобода Л.Б. (36) и А.Ш. (37) двајцата од Тетово, кои претходниот ден биле пријавени од И.И.(46) од Тетово дека на ул. ,,Железничка"  физички го нападнале. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 16:30 часот во Касарна Илинден во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.С.(26) и А.Х.(25) двајцата од Р.Чешка, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот Законик „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

На 04.09.2026 во 13:50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(58) од Велес, со живеалиште во Валандово. При извршена гранична контрола и проверка, било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со италијански национални ознаки, кое тој го управувал е во потрага од Интерпол, Р.Италија. Возилото е одземено, а В.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 05.09.2026 од страна на полициски службеници на мобилниот тим од РЦ за ГР Запад „Task Force” во с. Радожда, струшко извршен е преглед на Б.С.(19) од Струга при што била пронајдена дрога. Б.С. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријави дека околу 11:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 43-годишен маж. Подоцна во 12:41 часот, 43-годишниот маж од Скопје пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 40-годишна жена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 04.09.2026 во 14:00 часот во полициска станица во Кочани извршен е службен разговор со Ф.Р.(40) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна жена дека на 02 и 03.09.2026 во семејниот дом, физички ја нападнал и и упатил закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 13:30 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Т.(28) од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека во објект, физички нападнал 14-годишен малолетник. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.09.2026 на Граничниот премин Блаце, А.Ф.(19) косовски државјанин, од страна на македонската полиција е предаден на полицијата на Р.Косово за понатамошно постапување поради тоа што евидирал во системот на косовската полиција.

 

На 04.09.2026 во 18:40 часот во ОВР Пехчево, 68-годишна жена од Пехчево пријави дека на 03/04.09.2026 во временски период од 00:23 до 01:00 часот во нејзиниот дом, додека седела со 43-годишен маж од Пехчево и разговарале, дошла неговата сопруга, агресивно се однесувала и физички ја нападнала. Подоцна, 43-годишниот маж, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, за кое подоцна и 37-годишаната жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот маж. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 05.09.2026 во 04:00 часот во СВР Штип, А.М.(43) од Штип пријави дека на 04.09.2026 околу 23:45 часот пред објект во Штип, неговиот малолетен син, бил физички нападнат од Т.П.(45) од населба Три Чешми. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2026 во 23:50 часот во ОВР Делчево, С.Т.(44) и П.В.(53) двајцата од Делчево пријавија дека околу 22:10 часот пред хотел во Делчево, нивните две малолетни деца, биле физички нападнати од Н.Д. од Делчево, при што им нанел повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.09.2026 во 00:10 часот СВР Штип е пријавено дека околу 00:10 часот на ул.„Ширк дол“ во Штип, настанал пожар на објект во склоп на куќа, сопственост на Д.А.(75), при што била зафатена соба. Од Територијалната противпожарна единица Штип, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

 

На 04.09.2026 во 23:30 часот полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода В.З.(26) од Кочани, затоа што при преглед на патничко возило, кое тој го управувал била пронајдена една банкнота, која пред полициските службеници ја искинал, иако му било укажано да не ја допира. Подоцна со претходно издадена судска наредба извршен е претрес во домот, во кој престојува В.З, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од Кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

Мени за пристапност