Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 04.09.2026

 

На 03.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.С.(25),  Ј.С.(25), Е.А.(25), Ф.А.(25) и С.П.(22), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Б.(27) и М.Н.(24), двајцата од Скопје, 15-годишник од Гостивар, З.М.(42) од Прилеп и В.Д. (60) од Битола поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 03.09.2026 во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го приведоа Е.А.(34) од Кичево. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.  

 

На 03.09.2026 во 17:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.К.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна партнерка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03.09.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријави дека околу 08:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, била физички нападната од нејзиниот сопруг И.С.(68) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

ОВР Kичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(73) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 29.08.2026 околу 18:00 часот во двор во Кичево, таа фрлала дрвја кон две деца, кои во дворот играле со топка, а потоа со остар предмет ги бркала по дворот и им ја оштетила топката.

 

На 03.09.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мг“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(29) од Кичево и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Н.Ѓ.(31) од Скопје. При тоа, со телесни повреди се здобил возачот на возилото „шкода“ и неговите сопатници Т.Џ.(35) од с.Батинци, скопско и П.Т.(35) од Скопје, сите полициски службеници, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

 

На 04.09.2026 во 00:00 часот во СВР Куманово, 27-годишна жена од Скопје пријави дека на 03.09.2026 околу 21:30 часот во Куманово, нејзиниот сопруг Д.П. се однесувал агресивно и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин Ш.Р.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.08.2026 на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, тој агресивно се однесувал кон две деца, по што и физички нападнал едно од нив.

 

На 03.09.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 88-годишен маж од Скопје пријави дека во неговиот стан на подрачјето на Центар, кој бил незаклучен, влегле две машки лица, од кои едниот физички го нападнал, а другиот му одзел пари, лични документи и други предмети, по што побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од с. Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „загрозување на сигурноста“ и „оштетување туѓи предмети“. На 28.08.2026, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, а по негово лишување оштетил дел од инвентарот во полициска станица. По извршени проверки, било констатирано дека пријавениот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили во крвта.

 

СВР Штип – ОВР Берово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(39) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство врз дете“. На 05.08.2026, по претходна расправија, пријавената физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка.

 

На 03.09.2026 во СВР Скопје, M.E., градоначалник на општина Сарај, пријави дека истиот ден околу 10:30 часот, пред општина Сарај дошло лице кое се однесувало агресивно и упатувало закани кон него и лице вработено во општината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.С.(37) од Канада  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’’. На 28.08.2026, пријавениот противправно набавил и присвоил фрагмент од камен песочник. кој претставува културно наследство, со намера да го изнесе од државата без дозвола од надлежен орган. 

 

На 03.09.2026 во 16:45 часот во СВР Скопје, С.С.(56) од Скопје, возач на такси возило, пријави дека околу 15:20 часот, на подрачјето на Бит Пазар, едно лице кое го превезувал од возилото му одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(27) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. На 04.06.2026, тој во нотарска канцеларија во Кавадарци приложил за заверка фалсификувано свидетелство за завршено основно образование во основно училиште во Скопје, со намера документот потоа да го приложи во авто школа за полагање возачки испит.

 

На 03.09.2026 во 09:10 часот во с.Дебреше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа А.И.(36) од Гостивар, кој бил баран со наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 03.09.2026 во 20:50 часот во СВР Тетово, 35-годишна жена со престој во Тетово пријави дека преку мобилна апликација, нејзиниот невенчан сопруг, кој во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, издржува казна затвор, им упатувал закани на неа и нивниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.09.2026 во 11:00 часот на ул.„Фазанерија“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа И.П.(60) од Гостивар, кој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Гостивар  за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 03.09.2026 во 16:40 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди е донесено повредено осумгодишно дете од с.Дебреше, гостиварско. Според пријавеното, во дворот од куќата, детето управувајќи детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка. Поради сериозноста на повредите, малолетникот е префрлен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Известен е јавен обвинител, а увидна екипа од ОВР Гостивар изврши увид на местото на настанот.

 

На 03.09.2026 во 20:00 часот во с.Здуње, гостиварско полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа А.М.(36) од с.Здуње, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 301 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 03.09.2026 во 22:30 часот во СВР Тетово, Б.Ш.(47) од с.Челопек, тетовско, пријави дека околу 18:30 часот, додека неговиот  малолетен син седел на клупа во близина на Културниот дом во Тетово, 16-годишен малолетник, негов другар од тетовско село, ненамерно со остар предмет му нанел повреда. Подоцна, 16 -  годишникот малолетник, во придружба на родител и адвокат, сам се пријавил во СВР Тетово, при што е лишен од слобода за кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик. За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на целосно документирање на случајот.

 

Мени за пристапност