Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 03.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 03.09.2026

 

На 02.09.2026 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.А.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2026 во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки, удрило во кучиња- скитници, а потоа и во метални браници на патот и се запалило. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина за обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен по регионалниот пат Охрид- Струга.

 

На 02.09.2026 на ул. „Драге Тодоровски“ во Гостивар, полициски службеници го приведоа М.Х.(44) од Гостивар, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а и член 300 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 02.09.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Благоја Стевковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(60) од с.Пакошево, општина Зелениково и автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 63-годишната С.П., која се превезувала во автобусот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 02.09.2026 во 21:00 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициското одделение Камењане и СВР Тетово го приведоа С.Р.(21) од с. Долно Палчиште, кој бил баран по наредба од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 300 и член 301, а во врска со член 297а. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.С.(67) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во негова куќа во кичевското село Душегубица, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден ловечки карабин „маузер“, калибар 7.9 милиметри и 10 куршуми боева муниција од истиот калибар, кои нелегално ги поседувал.

 

На 02.09.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар, 59-годишна жена од гостиварско село пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.Т.(65). Подоцна, во 12:10 часот, Р.Т. сам се пријавил во полициска станица, по што е лишен од слобода и задржан. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 02.09.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од  ул.„11 Октомври“, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(36) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „пежо“, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ и неговите сопатници А.И.(24) и Д.П.(27), двајцата од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје и Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 02.09.2026 во 21:35 часот во ОВР Гостивар, 28-годишник од Гостивар пријави дека околу 21:00 часот на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, неговата поранешна девојка В.Н. вербално го нападнала и му упатила закани. Според пријавеното, таа и претходно во повеќе наврати го вознемирувала и следела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.09.2026 околу 17:15 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово-Виница, на место викано „Фармите“, патничко возило „мерцедес“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот У.Е. од с.Црник, пехчевско, се превртело и удрило во дрво. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил У.Е., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Берово.

 

На 02.09.2026 во 12:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот татко. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.09.2026 во  20:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Браќа Моцаноски“ во с.Кривогаштани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од с.Пашино Рувци, општина Кривогаштани и велосипед управуван од Ј.С.(62) од с.Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.     

               

На 02.09.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Д.Р.(23) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на наплатна станица Романовце питачела со нејзиното едномесечно бебе. Д.Р. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.09.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, при кочење од страна на возачот, паднала 67-годишната Г.С. од Делчево и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“-Скопје. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А.(63) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”. На 23.04.2025, пријавениот му овозможил на неговиот пријател да користи кокаин. Подоцна, истиот ден, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј. од с.Тромеѓа, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи’’. На 17.01.2026 во с.Тромеѓа, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми калибар 9 мм, за кои не поседувал дозвола. 

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“. Од нив, тројца управувале возило без возачка дозвола, од кои еден е малолетник, еден возач управувал возило за време на активна забрана за управување, а еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол и со патничкото возило излетал од патот. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 03.09.2026 во 04:20 часот на ул.„Таку Димитровски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.Ј.(21) од Битола, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 31-годишната Д.Р. од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 59-годишна велешанка дека Д.Р., која била поранешна вонбрачна партнерка на нејзиниот син, телефонски и преку апликација на социјална мрежа ѝ упатувала закани. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.09.2026 во Полициското одделение Новаци било пријавено дека во  близина на фармите на ЗК-Пелагонија во атар на с.Логоварди, битолско,  била пронајдена стара артилериска неексплодирана граната од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.

 

Денеска (03.09.2026) во 02:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 45-годишната Х.Ѓ. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба подолг период психички и физички ја малтретирала нејзината 13-годишна ќерка, која често ја држела заклучена во една од собите. За настанот се известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центар за социјални работи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

 

На 02.09.2026 околу 13:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во централното подрачје на Скопје, од страна на Н.М. пронајдени се починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф.(37), двајцата од Кина, а кои на 02.09.2026 во 00:49 часот ги пријавила за исчезнати. Од лекар од судска медицина констатирана е смрт без видливи траги на насилство и телата се дадени на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(19) од с.Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.08.2026 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

 

Денеска (03.09.2026) во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници ја лишија од слобода 41-годишната З.Ш. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, со употреба на физичка сила одзела личен накит на 21-годишна девојка од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.09.2026 во 00:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во Градски парк учествувал во физичка пресметка заедно со неговиот син В.Н.(20) и Ј.М.(26) од с.Студеничани, скопско. Притоа, кај него, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2026 во 10:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.С.(41) од Гевгелија. Тој бил баран со потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418б од Кривичниот закон. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

 

На 02.09.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 08:05 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.И.А.(46) од Турција, со престој во Скопје и Ѓ.Т.(52) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 02.09.2026 во 09:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Р.(28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна поранешна партнерка дека физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2026  во 13:00 часот  во СВР Скопје, М.Р.(48) од Скопје пријави дека околу 08:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од две лица, при што употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.09.2026 во 17:52 часот во СВР Скопје, М.Р.(47) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот во парк на подрачјето на Аеродром во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила му одзело мобилен телефон на неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

               

На 02.09.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 20:25 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Д.(51) и нејзиниот сопруг З.Д.(55) од една страна и Х.Б.(34) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 02.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Р.(34) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал и им ги искршил нејзиниот и мобилниот телефон на нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, А.Л.(55) од Скопје пријави дека на 01.09.2026 околу 19:50 часот во семејниот дом го затекнал Д.И.(18) од Кочани, кој со употреба на физичка сила, влегол во домот и се обидел да изврши кражба. 18-годишникот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

Мени за пристапност