Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 02.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 02.09.2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.М.(33) и А.Л.(22), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2026 во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што биле пронајдени и одземени пакувања со марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.С.(67) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 16.04.2026 во с.Душегубица, кичевско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и куршуми.

 

На 01.09.2026 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Ѓ.(28) и А.Л.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 01.09.2026 во 18:30 часот во близина на хотел на струшкото крајбрежје, полициски службеници од мобилниот тим при Регионалниот центар за гранични работи Запад ги приведоа Е.В.(21) и Л.Р.(19), двајцата од Струга. При преглед кај нив пронајдена е марихуана и остар предмет. На 02.09.2026 во 00:30 часот, припадниците на мобилниот тим, во близина на автокамп во Струга го приведоа и Б.Д.(39) од Струга, кај кого, исто така, пронајдоа марихуана. По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.Ј.(20) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.04.2026 на експресниот пат с.Тркање - с.Спанчево, пријавениот преку прозорец на патничкото возило „фолксваген голф“, кое го управувал, вперил пиштол кон товарно возило „форд“, управувано од Р.Б.(61) од с.Челопек, општина Брвеница.

 

На 01.09.2026 околу 10:00 часот во ОВР Свети Николе, Б.З.(42) од Свети Николе пријави дека на место викано „Сиври тепе“, атар на Свети Николе, пронашол граната. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, а од пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување граната е безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната со калибар од 75 мм од Првата светска војна.

 

На 02.09.2026 во 01:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(37) од с.Марино, општина Илинден. При сообраќајна контрола на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,47 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.П.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 11.06.2026 пријавениот, по претходна расправија со Ј.Р. од Штип, му упатувал закани, а потоа фрлил тврд предмет кон возилото на Ј.Р..   

 

На 01.09.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(25) од Скопје. При сообраќајна контрола на ул. „Коце Металец“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека М.А. го управувал возилото без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 01.09.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Кемал Ататурк“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(29) од с.Блаце, скопско и велосипед управуван од Е.Т.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 01.09.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга од Штип дека подолг период психички ја малтретирал, а ноќта на 29/30.08.2026 и физички ја нападнал. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.  

 

На 02.09.2026 во 02:55 часот, кај месноста „Инфос“ на магистралниот пат Кичево - Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Х.М.(22) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од ОВР Кичево, сопреле патничко возило „сеат“, кое Х.М. го управувал, при што било констатирано дека го управувал без положен возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“.  

 

На 01.09.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, Л.К.(46) од с.Волково, скопско, пријави дека на 31.08.2026 околу 23:00 часот во с.Волково, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

На 01.09.2026 во 22:00 часот на ул.„107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ц.(24) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2026 во 01:50 часот на ул.„107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Џ.М.(30) од Тетово, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 130 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 02.09.2026 во 00:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Д.А.(38) и 47-годишната П.А., двајцата од село во општина Петровец. Полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А., а сопатничка била П.А., при што кај Д.А. била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 01.09.2026 во 21:00 часот во радовишко село, полициски службеници лишија од слобода 51-годишен жител на селото. Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 74-годишен татко, при што му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.09.2026 во 22:20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода М.Н.(42) од Велес, со престој во Тетово, затоа што при извршен преглед над неа, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е приведено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.09.2026 во 19:15 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Н.Д.(44), постапувајќи по претходна пријава од неговиот 46-годишен брат дека, по кратка расправија во семејниот дом, физички го нападнал и му го оштетил мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.09.2026 околу 19:50 часот во  СВР Тетово е пријавено дека во Клиничката болница во Тетово, Џ.М.(24) од с.Палатица, тетовско, откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга, агресивно се однесувал и го скршил стаклото од приемниот шалтер, при што тој и уште двајца вработени се здобиле со повреди. По интервенција на полициски службеници, Џ.М. физички нападнал и полициски службеник, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Извршен е увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.09.2026 во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Н.С.(50) и М.С.(20), двајцата од Велес. Претходно, 22-годишник од Велес пријавил дека бил пресретнат од неговиот татко Н.С. и неговиот брат М.С. и во еден момент Н.С. физички го нападнал, по што без негова согласност го внел во возило, каде продолжил со физичкиот напад. Н.С. и М.С. биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес, а по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 01.09.2026 во 20:29 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош при ЈЗУ „Здравствен дом“ - Крива Паланка е пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен Ч.В.(63) од село Кркља, кривопаланечко. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи на фарма во село во општина Ранковце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.09.2026 во 22:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село, кој, според пријавеното, во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга и нивниот малолетен син. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.09.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, М.Т.(23) од Радовиш пријави дека на подрачјето на Центар во Скопје била физички нападната од А.Т.(24) од с.Волково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.09.2026 во 23:00 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода В.А.(45) од село во општина Василево и 32-годишната Ѓ.Д. од Струмица. Претходно, 41-годишна жена од Струмица пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг В.А. и од Ѓ.Д.. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 01.09.2026 во 21:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.Т.(56) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.В. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги’’. На 17.11.2025 на регионален пат Куманово-Свети Николе, во патничко возило „фолксваген поло“ сопственост на пријавениот, биле затекнати три лица од Свети Николе на кои им овозможил користење на амфетамин. Исто така, при преглед над пријавениот, бил пронајден и одземен амфетамин.

 

СВР Струмица- ОВР Валандово до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Л.(37) од валандовско село, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 21.08.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 30-годишна сопруга и нејзината мајка. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Валандово, а за настанот биле известени јавен обвинител и службени лица од Центар за социјални работи Валандово. 

 

На 02.09.2026 во 03:00 часот на ул.„Даме Груев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.К.(25) од Битола, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.09.2026 во 16:24 часот на ул.„Столарска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(34) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Д. , при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.09.2026 во 20:00 часот во полициска станица е извршен службен разговор со С.А.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна вонбрачна партнерка, дека околу 12:30 часот на нејзиното работно место на подрачјето на Гази Баба во Скопје, агресивно се однесувал и ѝ упатил закани, а подоцна во домот на нејзините родители се обидел и физички да ја нападне. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Л.(34) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед, управуван од М.Л., при што било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,80 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.09.2026 во 08:45 часот во СВР Скопје, Х.К.(20) од Скопје пријави дека околу 08:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.К.. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 01.09.2026 во 11:40 часот во СВР Скопје, Л.Л.Ш.(25) од Русија пријави дека на 31.08.2026 околу 11:00 часот на тениско игралиште во Градски парк во Скопје, бил физички нападнат од В.„Н“ од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.09.2026 во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Ф.Д.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 21-годишна жена дека во семејниот дом физички ја нападнал, а подоцна ја однел во шумски предел во скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 01.09.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучевиште, општина Чучер Сандево, по претходна расправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(58) и М.К.(36), двајцата од с.Кучевиште. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

Мени за пристапност