СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(48) од Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 24.08.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при извршен преглед и проверки на патничко возило „цитроен“, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени канабис, лекови и габи.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Д.Г.(56) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 08.05.2026 во с.Долна Бањица, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пушка и рамка со куршуми.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.04.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми со различен калибар.
На 31.08./01.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Р.(33), И.К.(37), П.Џ.(27) и С.С.(29), сите од Скопје, како и А.И.(31) од с.Визбегово, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и кафеава материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 31.08.2026 во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“. управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С.(75) од с.Преглово, кичевско. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи“ А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда“, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи“, 15-годишен малолетник од с.Преглово, кичевско и А.А.(21) од с.Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.
На 31.08.2026 во 18:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Маврово - Ростуше се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Џ.(31) од с.Дорломбас, струмичко и товарно возило „ман“ со приколка со винички регистарски ознаки, управувано од М.У.(30) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 31.08.2026 во 08:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Љуботенска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(20) од с.Бродец, тетовско и велосипед управуван од А.С.(75) од с.Мала Речица, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 31.08.2026 во 11:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(47) од с.Љубин, скопско. При сообраќајна контрола на ул.„Борис Сарафов“, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Б.Р. го управувал возилото без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 31.08.2026 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ со ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија, 47-годишниот М.П. од с.Богородица, гевгелиско, управувајќи мопед „томос“ изгубил контрола и излетал од коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија, при што било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.
На 31.08.2026 во 15:30 часот во село Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од истото село. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 31.08.2026 во 04:46 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, во атар на с.Тополчани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(19) од Прилеп и патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.П.(48) од с.Росоман, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј. , а со телесни повреди се здобиле возачот Г.П. и неговите сопатници Д.П.(39) од с.Корешница, неготинско и Т.Т.(55) од с.Рибарци, кавадаречко, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 31.08.2026 во 16:50 часот во село Јурумлери, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.В.(34) од с.Трубарево, скопско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека И.В. го управувал возилото без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 31.08.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Лесковачка“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во 79-годишната В.Д. од Куманово, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(43) од с.Гошинце, општина Липково, сопственик и управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и А.Б.(30) од Скопје, помлад соработник во Сектор за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, на 08.08.2023 од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, противправно подигнал испратници задолжени на правно лице, кое претходно било во сопственост на првопријавениот С.С., но на 15.02.2022 е избришано од Централен регистар согласно Закон за трговски друштва и притоа во 25 испратници, С.С. внел невистинити податоци кои ги заверил со својот потпис и печат од правно лице и противправно ги искористил како да се вистинити за продажба на огревно дрво и дрвни сортименти преку правно лице, со што се стекнал со имотна корист. Второпријавениот А.Б., како службено лице со задолжение од 06.07.2022 за издавање на испратници, не извршил соодветна контрола на документацијата, доставена од првопријавениот С.С. и не утврдил дека правното лице е ликвидирано, по што му задолжил испратници.
На 31.08.2026 во 19:30 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.И.(28) од Германија, затоа што при преглед кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(47) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој неовластено заземал катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО и неовластено ангажирал работници со цел да се изгради импровизиран мост до соседната плажа.
На 31.08.2026 во 22:00 часот во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода П.М.(29) од Охрид. Полициски службеници го затекнале П.М. во паркиран автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки при користење кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.08.2026 во 19:30 часот на крстосница од ул.„Седек Костоски“ и ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Б.(19) од Гостивар. При сообраќајна контрола бил сопрен мотоцикл без регистарски таблички, кој го управувал, при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола. Мотоциклот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од селото Волино, општина Дебрца и И.М.(43) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2024 година, првопријавениот во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор, како и со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фото напонски панели на правно лице од Скопје. Тоа го направил иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација издадена од надлежен орган. Одобренијата биле изготвени од второпријавеното лице, кое било раководител на Одделение за урбанизам и јавни дејности во општина Дебрца.
На 31.08.2026 околу 20:00 во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Теарце, го лишија од слобода Ј.Б.(51) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:40 часот во селото физички ги нападнал својата сопруга и нејзината малолетна ќерка. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. Исто така, при преземање мерки тој се однесувал агресивно и не ги почитувал наредбите на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.08.2026 во 23:00 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници лишија од слобода 17-годишник од Гостивар. При сообраќајна контрола бил сопрен мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, кој го управувал, при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола. Мотоциклот е одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2026 во 13:45 часот во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријави дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Е.А.(24) од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.08.2026 во 21:15 часот на ул.„Димитар Влахов”, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода О.А.(41) од с. Пласница, општина Македонски Брод. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од О.А. , при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје e пријавено дека околу 20:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош, Џ.И.(22) од Скопје физички ги нападнал неговата 22-годишна сопруга и неговиот 17-годишен брат, а притоа оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.09.2026) во 04:00 часот во СВР Скопје, 64-годишна жена од Скопје пријави дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ј.(63) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од скопско пријави дека во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговиот татко Д.С.(35) од скопско, со кого не живеат заедно. Според пријавеното, таткото ѝ претходно физички го напаѓал својот малолетен син, но досега не било пријавувано. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нa 31.08.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, Г.Х.(52) од Скопје пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи во Градски паркинг, бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.09.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.П.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава, дека околу 00:00 часот на подрачјето на Центар физички го нападнал неговиот 66-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2026 во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(42) од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија и нарушени семејни односи, физички го нападнал неговиот 36-годишен брат, употребувајќи тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје, Т.Ц.Д.(54) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.08.2026 во 05:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.А.(35), М.Т.(52) и Д.Т.(30), сите од Скопје, затоа што на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а притоа се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 31.08.2026 во 17:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 52-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2026 во 18:55 часот во СВР Скопје, В.Р.(28) од Скопје пријави дека околу 13:40 часот во семејниот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од С.М., кој употребил метален предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 30.08.2026 во 22:05 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа И.К.(31), 16-годишен малолетник, Б.М.(29), Џ.Б.(33), А.Р.(38), сите од Шуто Оризари, скопско, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 31.08.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 18:30 часот на 29.08.2026 до 06:30 часот на 30.08.2026 од објект во изградба на подрачјето на Центар во Скопје, сопственост на Т.С.(53) од Скопје, биле одземени алат и други предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 31.08.2026 во 09:50 часот во СВР Скопје е извршен службен разговор со Д.П.(46) од скопско село, по претходна пријава дека околу 14:50 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје, П.Б. од Скопје пријави дека на 27.08.2026, додека патничкото возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга, било во овластен сервис, од вработените бил известен дека на предно тркало бил изваден еден шраф, додека останатите три биле олабавени. Според пријавеното, можно е настанот да е поврзан со заканите што ги добивал во последните две години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.09.2026) во 05:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода била опожарена влезна врата од стан, во сопственост на Х.С.(57) од Скопје. Повредени лица нема, а по преземени мерки и поради сомнение дека го извршил делото, од слобода бил лишен Д.Т.(50) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.