Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 12.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Г.М.(39) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот продал хероин на едно лице, кој бил пронајден и одземен. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.И.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.04.2025 во угостителски објект во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Б.Б..

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Ќ.(28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. При обид да го приведат во нас.„Тризла“ во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

 

На 11.05.2026 во 11:20 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода З.Д.(40) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Џ.(22) од с.Никуштак, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”. Во текот на 2025 година, пријавениот неовластено користел податоци на друго лице и при контрола во сообраќајот, за да избегне прекршочна одговорност, на полициските службеници им се претставил како друго лице.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Пријавениот изготвил фалсификувана диплома, во која внел неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование, и во повеќе наврати во период од 2020 до 2026, при засновање на работни односи во повеќе правни субјекти, ја употребил како вистинска.

 

На 11.05.2026 околу 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Бранко Заревски“ и ул. „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.М.(58) од Скопје, удрило во пешакот Ј.М.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 10.05.2026 околу 14:31  часот во ОВР Делчево е пријавено дека на магистралниот пат во с.Тработивиште, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Б.(29) од Кочани и мотоцикл со кочански регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(63) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кочани. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

 

На 11.05.2026 во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт. Кај неговиот сопатник С.С. и возачот на патничкото возило „пежо“ се констатирани телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

 

На 11.05.2026 во 15:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, 59-годишната Б.М. од Прилеп, управувајќи мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(38) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда“. На 07.05.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

 

На 09.05.2026 на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишија од слобода К.Е.(22) од Норвешка затоа што при гранична контрола било констатирано дека за него има распишана меѓународна потерница од Интерпол Норвешка. На 10.05.2026 од страна на судија на К.Е. му бил одреден 30- дневен екстрадиционен притвор и бил предаден во Казнено -  поправната установа Затвор Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Ш.(63) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26.10.2025, полициски службеници извршиле претрес на дом и други помошни простории кај пријавениот, при што бил пронајден и одземен ловечки карабин „ЦЗ Брно БЗ 24“ калибар 7.9 x 57 мм.  

 

На 11.05.2026 во 15:00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Тетово, со судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа В.Б.(28) од Тетово, кој бил баран за издржување казна затвор, за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 11.05.2026 во 16:30 часот на ул.„Цветан Димов“ во Тетово, со судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа В.И.(28) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил баран за сторено кривично дело по член 149 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 11.05.2026 во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 12.05.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Н.(26) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 25.04.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата девојка.

 

На 11.05.2026 во 17:15 часот на ул.„Кузман Јосифовски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Б.(31) од Прилеп, со престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 12.05.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди дошол А.Н.(21) од прилепско. Според пријавеното, на 11.05.2026 околу 23:30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од машко лице, кој употребил остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 11.05.2026 во 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ц.(50) и Д.Т.(44), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 11.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на главниот влез на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(41), Ф.Х.(18), Џ.Х.(37), С.К.(26), С.С.(32) и 16-годишник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 11.05.2026 во 16:35 часот во СВР Скопје, С.М.(49) пријави дека околу 13:30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.05.2026 во 17:35 часот во СВР Скопје, 22-годишната С.С. и И.С.(45), двајцата од Скопје, пријавија дека околу 17:30 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, С.С. била физички нападната од женско лице, а И.С. бил физички нападнат од машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 11.05.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 88-годишната Р.В. од Скопје пријави дека околу 12:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Карпош, била нападната со тврд предмет од И.Р.(53). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 11.05.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје, 83-годишната Б.Т. од Скопје пријави дека околу 09:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријави дека околу 19:20 часот на паркинг простор пред станбена зграда на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од А.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.05.2026 во 02:20 часот во СВР Скопје, 17-годишник од скопско пријави дека на 11.05.2026 околу 22:10 часот пред продажен објект на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.05.2026 во 13:00 во СВР Скопје, М.Д.(52) од Скопје пријави дека на 08.05.2026 околу 12:00 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник. Известени биле стручните служби во училиштето, а по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

               

На 10.05.2026 во 22:40 часот во СВР Скопје, Н.А.(43) од Скопје пријави дека околу 19:15 часот во училишен двор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, која ја познавала. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.05.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, 71-годишен маж од Скопје пријави дека бил измамен од две лица за сума од 22.500 евра. Според пријавеното, тој преку телефон, стапил во контакт со А.„Н“, со кој се договорил дека заедно со неговиот познаник В.„Н“, ќе му завршат работа да откупи државно земјиште и во неколку наврати им ги давал парите. Откако сфатил дека е измамен, настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 11.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(41) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот, додека бил во неговото возило, едно лице од совозачката страна ја отворило вратата и му одзело чанта со пари, банкарски картички, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Мени за пристапност