СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 10.08.2025 во с.Желино, тетовско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.К.(47) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 03.01.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б.(35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Во текот на 2025 година, пријавениот изнудувал пари од неговата 44-годишна партнерка, со закани дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.
На 11.01.2026 во 12:04 часот во ОВР Виница e пријавено дека во с.Блатец околу 11:50 часот настанал пожар во куќа и помошна просторија– работилница, сопственост на М.Д.(70) од истото село. М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Виница е пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош. Од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.
На 11.01.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во времето помеѓу 13:30 и 14:30 часот од железнички мост на Мрзенска река, на место викано „Авлаќ“, на кој се одвива железнички сообраќај, непознат сторител исекол и одзел два бакарни кабли во должина од 60 и 12 метри. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11/12.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(20) и М.Б.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.01.2026 во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П.(41) пријави дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, била физички нападната од 56-годишната М.Д., а едно машко лице кое било со неа ја снимало со мобилен телефон. Исто така, и М.Д. пријави дека била физички нападната од С.К.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор- Идризово е пријавено дека околу 12:30 часот при извршен претрес на пакет кој бил наменет за осудено лице А.Н.(39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.01.2026 во 01:26 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:05 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот, се обиделе да одземат пари, но не успеале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2026 во 18:40 часот на наплатна станица Преод полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(68) од Струмица, поради тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица Миладиновци, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.01.2026 во 06:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во напуштена куќа, сопственост на С.В.Ѓ.(55) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 17-годишник од с.Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.05.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.