Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 11.01.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 10.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Х.(21), М.А.А.(22), А.Б.(23) и Р.А.(41) сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.

 

На 10.01.2026 во 20:40 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Д.(52) од Скопје затоа што пред Полициската станица Гази Баба физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија и притоа му упатувала и закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 10.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош е пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари имало починато бебе. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител починатото бебе е дадено за обдукција.

 

На 11.01.2026 во 02:20 часот во СВР Скопје М.М.(47) пријави дека околу 01:30 часот во с. Трубарево, скопско бил физички нападнат од Д.М.(40) двајцата од с. Трубарево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје Д.Ѓ.(48) од Скопје пријави дека на 10.01.2026 околу 21.50 часот во угостителски објект во населба Илинден бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.01.2025 во 02:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Б.(27) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид.  

Мени за пристапност