На 09.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(29) од Скопје и А.П.(23) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.01.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Визбегово, скопско, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(20) од с.Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц.(54) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 09.01.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 46-годишната Н.С. од Скопје. Според пријавеното, Н.С. со повредите се здобила додека се превезувала во автобус со скопски регистарски ознаки на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, така што при нагло кочење, паднала и се повредила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.01.2026 во 18:36 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека настанал пожар во куќа во село Нерав , кривопаланечко, сопственост на А.П. (52). Во пожарот со повреди се здобиле Д.П. (34), А.П.(52) и С.П.(89 ), кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот.
На 09.01.2026 околу 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Бањани, скопско, М.В.(79) од с.Бањани, бил физички нападнат од Г.Г., возач на автобус бр.61, во кој М.В. претходно се превезувал, но откако се симнал од автобусот настанала расправија, по што бил нападнат од Г.Г. и при тоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.01.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.К.(41) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка дека истиот ден околу 08:00 часот во семејниот дом во Скопје физички ја нападнал, при што употребил тврд предмет и го оштетил нејзиниот мобилен телефон. При извршен претрес во домот, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2026 во 01:40 часот на Граничниот премин Блато од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Блато, на влез во државата, од слобода е лишен Ј.В. (44) од Р.Албанија, бидејќи бил баран од страна на Интерпол Луксембург. Лицето е предадено на ПС Дебар за натамошна постапка.
На 09.01.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје, Б.Џ.(19) од Скопје пријави дека пред неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, три лица, од кои едно имало оружје, му упатиле закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.01.2026 во 17:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје бил пронајден починат А.М.(48) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 09.01.2026 во 23:30 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа С.И.(19) и З.И.(20), двајцата од с.Драчевица, скопско, Е.Р.(33) од с.Студеничани, скопско и Р.Р.(26) од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.01.2026 во 20:35 часот во СВР Скопје, Ф.Е.(50) од Шуто Оризари, скопско, пријави дека на 05.01.2026 околу 13:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Шуто Оризари, две лица му го одзеле мобилниот телефон на нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.01.2026 во 16:20 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода И.П.(47) од штипско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 74-годишен татко, дека во семејниот дом физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 09.01.2026 во 17:15 часот во СВР Штип, 26-годишен маж од Штип пријави дека во домот, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата девојка М.Ј.(20) од штипско. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.01.2026 во 15:00 часот во ОВР Виница, 67-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 12.400 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и кажало дека нејзината снаа имала тешка повреда на работното место и дека се потребни пари за да се направи операција. Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото, каде што ѝ кажало лицето, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.01.2026 во 15:00 часот во Полициско одделение Македонска Каменица извршен е службен разговор со М.С.(43) од с.Косевица, Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава од Ф.В.(23) од Македонска Каменица дека агресивно се однесувал и му упатил закани. По целосно документирање на случајот, против М.С. ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2026 во 00:30 часот во село во делчевско полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.Н.(53) од делчевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 53-годишна сопруга дека во семејниот дом во делчевско, физички ја нападнал, и упатил и закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 10.01.2026 во 00:50 часот во Делчево, полициски службеници го лишија од слобода А.И.(48) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом во Делчево, физички ја нападнал и го оштетил нејзиниот мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.01.2026 во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, за влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.С.(24) од Грција. При извршена гранична контрола и преглед на патничко возило „пежо“ со грчки национални ознаки, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се пиротехнички средства, течна материја и други предмети. Тој е задржан во Полициска станица во Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.