ОВР Валандово поднесе кривична пријава против А.А.(67) од с.Башибос, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.08.2025 во с.Башибос, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.И.(41) и неговиот 16- годишен син, двајцата од с. Добри Дол, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 16.09.2025 пред угостителски објект во с.Добри Дол, пријавените физички го нападнале Ј.М.(20) од истото село.
На 08.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(28) и З.Т.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 08.01.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Петровец, општина Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(46) од с.Петровец, удрило во 61-годишната Ј.Ц. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ц., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Московска“ со ул.„Женевска“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(54) од Скопје, удрило во 74-годишната Љ.В. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.В., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.01.2026 во 14:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„8 Септември“, ул.„Крсте Нале“ и ул.„Раштанска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(19) од Битола и патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната М.Ц. од с.Кукуречани, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ц., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 08.01.2026 околу 11:35 часот во ОВР Дебар, од Итна медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал С.К.(40) од Дебар. Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на ул.„Братство единство“ во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал. На местото излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од ОВР Дебар.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од с.Долна Бањица, гостиварско и С.Џ. (25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.11.2025 во двор од куќа во Гостивар, пријавените со остри предмети се обиделе да се пресметаат меѓусебно, но биле спречени од присутните.
На 08.01.2026 во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20), двајцата од с.Боговиње. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 07.01.2026 во 15:15 часот на патниот правец кон с.Зрзе, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Р.А.(36) и Љ.Р.(36), двајцата од с.Црнилиште, општина Долнени. Тие биле затекнати при незаконит лов, по што се обиделе да побегнат, но набргу се фатени и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.01.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја приведоа 31-годишната М.Х. од с.Добридол, општина Врапчиште, постапувајќи по претходна пријава дека извршила тешка кражба во продажен објект во Гостивар. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
На 08.01.2026 во 16:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа Т.Б.(32) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.