На 10/11.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(33), М.А.(33), М.Ц.(35), М.И.(18), сите од Скопје, С.Г.(23) од с.Огњанци, скопско и Н.Т.(37) од Свети Николе затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(49) од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 06.09.2026 во 00:30 часот на магистралниот пат А2, пријавениот физички нападнал полициски службеник од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар додека вршел службени дејствија.
На 10.11.2026 во 23:40 часот во с.Чегране, полициски службеници од ОВР Гостивар ги приведоа С.И.(52), А.М.(36) и Ш.О.(39), сите од Гостивар, затоа што при преглед на патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.И., во кое биле другите две лица, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.11.2026 во 11:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Анести Пановски“ во Битола, патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот З.Б. од Битола, удрило во 74-годишната Ц.М. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(41) од с.МалаРечица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.07.2026 околу 18:30 часот, пријавениот отишол во домот на Р.Р.(66) од с.Пршовце, тетовско и по кратка расправија физички го нападнал и му нанел повреди.
На 10.11.2026 во 14:30 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово ги лишија од слобода Д.Б.(20), Д.Ц.(30) и 17-годишен малолетник, сите од Берово, затоа што при извршен преглед, непосредно до нив била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ј.Н.(56) од село во Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.11.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и барал да ја повлече претходната кривична пријава за семејно насилство за која имале закажано судско рочиште.
На 10.11.2026 во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Љ.(42) од с.Љубодраг, кумановско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 17.10.2026 во семејната куќа, пријавениот се однесувал агресивно кон неговата сопруга и се заканувал на неговиот 18-годишен син.
На 10.11.2026 во 22:45 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Л.(23) од Тетово затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(29) од Сарај, С.Б.(49) од с.Јурумлери, скопско, А.А.(23) од Струга и И.М.(37) од с.Стојаково, Општина Богданци. Под дејство на алкохол возел Р.Ш.(49) од Кукуречани, битолско, додека со изречена активна забрана за управување на возило Л.К.(35) од с.Велешта, струшко. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 10.11.2026 во 13:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.Д.(27) од струмичко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријавила дека околу 17:00 часот била физички нападната од нејзиниот партнер К.У.. Според пријавеното, тој подолг период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
На 10.11.2026 во 08:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(34) од Велес. Тој се сомничи дека одзел производи од продажен објект во Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.11.2026 во 19:05 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.А.(19) од Радовиш, постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал неговата 70-годишна баба. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.11.2026 во 16:20 часот на место викано „Црн врв“ во атар на с.Калапетровци, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.К.(19) од Штип. Претходно, тој заедно со С.К.(22) и со 14-годишен малолетник, двајцата од Штип, извршиле бесправна сеча на огревни дрва, од кои дела биле натоварени во патничко возило „фолксваген голф“, а дел биле наредени и подготвени за товарање и транспорт. С.К.(22) побегнал од местото, а малолетникот при обид да избега паднал и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Штип. Возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција, а за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 10.11.2026 во 22:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.А.(22) од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 22-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ и „демнење“. На 04.11.2026, пријавениот на мобилна апликација испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата сопруга со која е во бракоразводна постапка и ја снимал со мобилен телефон.
На 10.11.2026 во 01:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 33-годишна жена од гевгелиско, постапувајќи по пријава дека физички го нападнала нејзиниот поранешен партнер. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.11.2026 во 16:10 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со Е.Д.(70) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека не го почитувала решението од Основен суд Велес со кое ѝ се забранува да му се приближува, заканува и малтретира на нејзиниот 66-годишен девер од Велес, односно му се заканувала. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.К.(20) од с.Делогожда, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.08.2026 во Одделение за прекршоци Охрид, пријавениот поднел фалсификат уплатници за наплатени прекршочени налози. Од извршената контрола утврдено е дека уплатниците биле фалсификат и на тој начин причинил штета на државниот буџет.
На 11.11.2026 во 01:50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Р.(38) од Албанија. При гранична контрола и проверки било констатирано дека тој на увид приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.11.2026 околу 03:25 часот во СВР Скопје, К.Т.(25) од Турција пријави дека околу 02:00 часот на подрачјето на Центар едно лице со закана со остар предмет му одзело паричник со пари, документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.11.2026 во 17:05 часот во СВР Скопје, 20-годишна жена пријави дека во автобус на подрачјето на општина Аеродром едно лице ја допирало по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.. На 14.10.2026, додека се возеле во нивното возило, пријавениот упатувал закани на неговата 34-годишна сопруга од Тетово.
На 10.11.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(43) од Скопје пријави дека на 09.11.2026 на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.11.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, 43-годишно лице пријави дека на 07.11.2026 на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.С.(27) ОД Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.11.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, Ј.А.(22) од с.Љубанци, скопско пријави дека на подрачјето на Бутел бил физички нападнат од Б.В.(52) и О.В.(47), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.11.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, К.У.(23) пријави дека на подрачјето на Бутел била физички нападната од С.О.М.(48), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР Скопје, С.Д.(23) од Скопје пријави дека на 09.11.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Н.Т., Г.Ш. и Љ.Ш., по што Н.Т. најпрвин го удрил со пиштол, според пријавеното најверојатно гасен, а потоа испукал неколку пати во воздух и кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.11.2026 околу 20:40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од изгореници била донесена С.С.(32) од Скопје. Според пријавеното, таа со изгорениците се здобила во с.Орешани, скопско, додека се обидувала да запали оган со бензин. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
На 10.11.2026 во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот во с.Кучевиште, скопско, била пронајдена почината С.С.(73). Лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По насоки од јавен обвинител, телото на починатата е дадено во Судска медицина за обдукција.