На 11/12.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.П.(28), А.И.(39), С.С.(40), С.С.(34), сите од Скопје, А.Ј.(36) од Турција со престој во Скопје и С.К.(24) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Џ.(26) од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи’’ и Ѓ.Џ.(27) од с.Двориште поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи’’ и „несовесно работење во службата“. На 24.05.2026 пред угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „HS 2000” со куршуми, како и разновидна полициска опрема, која била сопственост на неговиот брат, второпријавениот Ѓ.Џ.. Додека, при извршен претрес во домот на второпријавениот, биле пронајдени и одземени куршуми различен калибар, кој ги поседувал без соодветно одобрение.
На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Братство Единство“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.В. од с.Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишната В.А. од Куманово и го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.А., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(31) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна пoвреда”. На 14.10.2026 во семејната куќа, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.
На 11.11.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.У.(69) од Тетово, удрило во 31-годишниот П.З. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(24) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 09.11.2026 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата 49-годишна мајка.
На 11.11.2026 во 21:10 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Г.К.(49) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „кражба“ и „кражба во обид“ извршени во текот на минатиот и овој месец. Кај него бил пронајден и одземен остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46) од селото. Веднаш е постапено по пријавата и со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала И.Д. дека разговара со други жени и му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила. Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. На 10.11.2026 во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.11.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица-СВР Струмица го лишија од слобода А.В (59) од Струмица затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и нејзината мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(36) од с.Слатино, тетовско, З.С.(34) од Кичево, 40-годишната Д.Т. од с.Миравци, гевгелиско, Е.Б.(24) и двајца 17-годишници, сите од Скопје. Додека, пак, со 14-годишник од Велес, во присуство на родител бил извршен службен разговор поради тоа што управувал мопед без возачка дозвола. В.К.(44) од Скопје и Н.С.(26) од Охрид управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 05.11.2026, пријавениот влегол во станот на В.Р., при што се обидел да одземе два куфери со ловечки пушки и муниција, кое В.Р. го поседувал со дозвола. Во меѓувреме дошол В.Р. и забележал дека му фали оружјето и пријавил, по што полициски службеници излегле на местото, го пронашле пријавениот и од него било одземено оружјето.
На 12.11.2026 во 00:30 часот на ул.„11 Октомври” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.К.(36) од Прилеп затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М.(69) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 28.07.2026 пријавениот со остар предмет го нападнал неговиот брат.
На 11.11.2026 во 21:10 часот во с.Девич, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Ј.Р.(61) од Македонски Брод. Тој бил затекнат при извршување на „тешка кражба “ во куќа . Украденото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против малолетник од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.09.2026, по претходни недоразбирања, пријавениот физички нападнал друг малолетник.
На 12.11.2026 во 09:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Н.(53) и В.Н.(54), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од нивната 16-годишна малолетна ќерка дека во домот нејзиниот татко А.Н. физички ја нападнал, а нејзината мајка подолг временски период психички ја вознемирувала. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.11.2026 во СВР Скопје е пријавено дека на 10/11.11.2026 во с.Рашче, скопско, едно лице со употреба на физичка сила и погоден алат влегло во аптека и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.11.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Чаир, вработена во објектот пронашла заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.11.2026 во 22:50 часот во СВР Скопје, С.Б.(59) од Скопје пријави дека околу 11:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неговите соседи Ф.З. и Е.З.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.10.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:45 часот на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б.(59) и Е.З.(26), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.11.2026 околу 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Поликлиника Бит Пазар починал Ѓ.С.(70) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен е увид, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
На 12.11.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Б.(25) од Скопје. Од страна на сопственикот и соседите, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.