Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 10.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 10.11.2026

На 09.11.2026 во 21:30 часот на ул.„107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Р.Т.(27) и С.М.(19), двајцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Додека, за време на преземањето на службените дејствија, С.М. физички ги нападнал полициските службеници. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.С.(19) и П.М.(36), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.07.2026 во Тетово, пријавените физички го нападнале Џ.И.(24) од Тетово.

 

На 09.11.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Саса“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано С.Т.(33) од Скопје и патничко возило „застава“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „застава“, Р.К.(76) од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(45) и М.Б.(49), двајцата од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.08.2026 пријавените физички го нападнале А.Р.(25) од Мала Речица.

 

На 09.11.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје „Мајка Тереза“, во близина на клучка „Радишани“, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот И.С. од Скопје, удрило во метална ограда. Во несреќата И.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 09.11.2026 во 14:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.Ц.(40) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на последниот месец постојано ја следел и вознемирувал неговата поранешна 40-годишна партнерка од тетовско село. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.(65) од с.Глажња, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 05.10.2026 во с.Липково, пријавениот попречувал полициски службеници во извршување на службени дејствија.

 

На 09.11.2026 во 11:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, електричен тротинет удрил во 17-годишна малолетничка од Косово и го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Ургентен центар Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.Л.(28) од Таџикистан, со привремен престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 08.10.2026, со цел да го продолжи привремениот престој, пријавениот до Отсекот за странци и реадмисија во Тетово доставил две исправи со невистинита содржина.

 

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(26) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 08.11.2026 во Гевгелија, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, кокаин, марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија, а од преземените мерки е утврдено дека на 07.11.2026 во неговиот дом овозможил на лице од Струмица да користи амфетамин. Известен е јавен обвинител, а по поднесување на кривичната пријава, судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка куќен притвор.

 

На 09.11.2026 во 00:10 часот на ул.„Крсте Нале“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода К.Ј.С.Ф.(47) од  Шведска затоа што при преглед кај него и во возилото кое го управувал биле пронајдени две дробилки со остатоци од марихуана и шише со прашкаста материја . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(39) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на август 2026 година, пријавениот се договорил усно со едно лице да изврши молерски работи на неговата куќа, при што му бил даден капар од 2.500 евра, но не ги извршил договорените работи.

 

На 09.11.2026 во 20:55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со М.Д.(62) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на место викано „Витачево“, кавадаречко, со ловечка пушка му се заканувал на М.И.(50) од село Бегниште, кавадаречко. Пушката и пиштол за светлосна и звучна сигнализација биле пронајдени и одземени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(42), Б.М.(58) и М.М.(30), сите од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.04.2026, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што биле ипотребени дрвени и остри предмети.   

 

На 09.11.2026 во 18:10 часот во с.Горно Оризари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  Ј.С.(53) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ј.(25) од с.Урвич, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.06.2026 во семејниот дом, пријавениот физички нападнал 50-годишна жена од Косово, која била била негувателка на неговата болна мајка.

 

На 09.11.2026 во 12:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода И.Ф.(29) од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село поради постоење основи на сомнение дека на 07.11.2026 во Богданци се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По поднесување на пријавата судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум денови.

 

На 09.11.2026 во 11:20 часот на регионалниот пат Блато-Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода Ш.С.(38) од Кичево, З.А.(29) од Скопје, како и Л.Е.(23) и П.С.(20), двајцата од Република Албанија. При извршена контрола во патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По преземени мерки, констатирано е дека Ш.С. кој го управувал возилото, имал активна забрана за управување на патничко моторно возила. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, В.А.(40) од Скопје пријави дека пред казино на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.11.2026 во 23:15 часот во СВР Скопје, К.С.(34) од Скопје пријави дека пред казино на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од В.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Ф.(52) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Во текот на 2025 година на катарстарска парцела во државна сопственост во село Подгорци, пријавениот изградил куќа и земјоделски објект без соодветна дозвола и друга додатна документација издадена од надлежен државен орган,

 

На 09.11.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(41) од Куманово пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.11.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, И.Д.(39) од Скопје пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Д.Б.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против И.С.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во државна сопственост во село Гари, пријавениот изградил куќа и поставил метална ограда без соодветна дозвола и друга додатна документација издадена од надлежен државен орган.

 

На 09.11.2026 во 17:40 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер Б.Д.(27). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.11.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека нејзиниот вонбрачен партнер Н.М.(40), преку нивните две малолетни деца и преку нивен сосед, упатувал закани кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(20) од село во општина Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Пријавениот, од пролетта 2026 до септември 2026 година живеел во вонбрачна заедница со 14 - годишно дете во неговиот дом. 

 

На 09.11.2026 во 08:05 часот во СВР Скопје, С.Ј.(22) од Куманово пријави дека на бензинска пумпа на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од З.Н.(61) од Скопје, вработен во бензинската пумпа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 09.11.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 27-годишно лице пријави дека на 07.11.2026 на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од К.Е.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.10.2026, пријавениот, поранешен студент на Факултетот за уметности при Државен универзитет Тетово, во канцеларија на деканот на факултетот, оставил писмени закани кон деканот и кон останатите професори на факултетот.

 

На 09.11.2026 околу 17:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во куќа. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.      

Мени за пристапност