Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 09.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 09.11.2026

 

На 08/09.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Ј.(33), М.Ј.(19), Н.У.(43), сите од Скопје, 16-годишен малолетник од с.Визбегово, скопско и С.П.(38) од општина Сарај, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 08.11.2026 во 11:30 часот во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, полициски службеници ја лишија од слобода Џ.Ф.(65) од Скопје затоа што околу 10:00 часот, при преглед на пакетот, кој го донела на нејзиниот син, кој е на издржување казна затвор во установата, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 08.11.2026 во 23:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Л.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 13-годишен син. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.10.2026 во семејниот дом, пријавениот упатил закана кон неговата 52-годишна мајка.

 

На 08.11.2026 во 17:35 часот во ОВР Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Д.(35) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 70-годишен татко дека околу 16:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ги нападнал него и неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против Х.Д. ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.И.(46) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсзори“. На 27.10.2026 во с.Селце, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 08.11.2026 во 23:20 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода П.А.(24) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 49-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом по претходна расправија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.П.(45) од Скопје, Н.Е.(56) од с.Морани, скопско, А.А.(35) од с.Студеничани, скопско и Т.Б.(20) од Турција, со престој во Тетово. Под дејство на алкохол возеле Г.Н.(35) од Пробиштип и Х.Ј.(30) од Битола, додека со активна забрана за управување возило две лица: Н.А.(22) од Скопје и Д.Б.(40) од Штип, кој го управувал возилото и во спротивна насока. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(48) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола во патниот сообраќај извршена на месноста „Битолска раскрсница“ во близина на Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, во кое тој се превезувал, при што од прозорецот  фрлил марихуана, која е пронајдена и одземена.

 

На 08.11.2026 во 16:35 часот на ул.„Славејко Арсов” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Е.Џ.(24) од Ресен затоа што физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22) од дебарското село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. На 13.08.2026 пријавениот остварил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако, по претходен договор, со неговиот автомобил ја земал во близина на нејзиниот дом. По преземени мерки, тим од полициски службеници и од Центарот за социјални работи, во присуство на член од семејството на малолетничката, извршија службени разговори, по што, С.Ц. беше лишен од слобода.

 

На 08.11.2026 во 22:20 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и нивните малолетни деца. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.К.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На ул.„ЈНА“ во Струга, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 08.11.2026 во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред продажен објект во населбата Колонија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Г.(42) и неколку други лица, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 08.11.2026 во 13:10 часот во СВР Скопје, Б.Р.(30) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од Е.Ш.(36), а Е.Д.(29) му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 08.11.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Р.(30) и Џ.Ш.(26), двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 08.11.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје М.С.(22) од Скопје пријави дека на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од Ф.М.(20) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром опожарен е бојлерот во тоалетот и предизвикал експлозија. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.      

Мени за пристапност