На 07.11.2026 во 20:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки кое по кажување на Н.Р.(24) било управувано од Е.С.(23) двајцата од Скопје и патничко возило „фолксваген т-рок“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.А.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., а со телесни повреди се здобиле Н.Р. и А.А. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.11.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Стопански Двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17-годишник од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.М.(52) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговиот сопатник Б.А., а со телесни повреди се здобил С.М. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.11.2026 околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(67) од Скопје удрило во пешакот А.Ф.(93) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во приватна здравствена установа. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.11.2026 во 16:00 часот полициски службеници од Полициско одделение Чашка го приведоа А.С.(43) од село Извор општина Чашка, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.С. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,15 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.11.2026 во 00.25 часот, пред угостителски објект на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(19) од с. Добридол. По интервенција за нарушен јавен ред и мир, лицето физички нападнало полициски службеник при вршење на службени дејствија. При алкотестирањето кај Х.С. биле изменети 1,52 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица. Во врска со истиот настан, во 02.10 часот од слобода биле лишени и А.З.(25) и Џ.Ј.(23), двајцата од Гостивар. тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2026 во 23:00 часот на ул. „Наум Наумоски Борче" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.П.(40) од с. Мало Коњари, прилепско бидејќи при преглед кај него и неговото патничко возило „форд" со прилепски регистарски ознаки, на совозачкото седиште била пронајдена прашкаста материја .По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2026 во 15:10 часот во Прилеп на ул. „Кораб“ , полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А. од Прилеп бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против С.А.(22) од с. Врапчиште, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“. На 21.07.2026 пријавениот, по претходна расправија, го земал своето двегодишно дете и заминал во Р.Швајцарија, без знаење и согласност на сопругата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.Т.(38) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.08.2026 пред угостителски објект во Берово, пријавениот физички го нападнал З.П. од Берово.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против М.Б.(43) с.Ратево, беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 19.10.2026 во с.Ратево во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал неговото дете.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. На 30.09.2026 пријавениот со косилка за трева навлегол во дворот на П.К. од виничко село, со што постапил спротивно решение од Основен суд Виница, со кое пријавениот не смее да врши активности во туѓ двор, а притоа му упатувал и закани.
На 07./08 .11.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.К.(41) , В.Ѓ.(55), М.Б.(30), О.Б.(26) и И.Д.(52) сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и шише со метадон. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.11.2026 во 14:20 часот во Казнено поправната установа Затвор-Идризово полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е .З .(30) од Скопје по претходна пријава дека при посета на осуденикот Џ.З.(34) во видувалната од установата при личен претрес кај неа биле пронајдени и одземени две паковки со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2026 во 15:55 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Затвор-Идризово е пријавено дека при проверка на пакет за осуденикот Г.С.(40) кој претходно го оставила неговата мајка пронашле 171 таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2026 во 16:00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата при контрола на Б.С.(32) од Холандија кој управувал товарно возило „форд“ со холандски национални ознаки во неговата патна торба била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 07.11.2026 во 19:30 часот во ОВР Прилеп, С.К.(36) од Прилеп пријавила дека на ул. „Тризла" во Прилеп, на нејзината малолетна ќерка и биле упатени закани со дрвен предмет од страна на Е.А., кој бил татко на нејзиниот вонбрачен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.11.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(33) од тоа село. Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени повеќе тегли исполнети со марихуана, две растенија од канабис и семки од канабис, а при преглед на К.П. тој извадил и предал рачно изработена цигара со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(35), А.М.(29) и Е.М.(32) сите од Скопје по претходна пријава дека во близина на казино физички го нападнале Д.Г.(66) од Скопје, а исто така Д.М. и со тврд предмет замавнал кон него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.11.2026 во 06:10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Скопје по претходна пријава дека заедно со уште неколку други лица физички го нападнале Б.П.(40) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 07.11.2026 во 16:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.М.(40) од Кочани, затоа што претходно тој и се заканувал на неговата 44-годишна партнерка од Делчево. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 08.11.2026 во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното тој на 08.11.2026 во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против К.М.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот во временски период од околу три месеци во 2026 година следел 33-годишна жена од Кочани, на коа ѝ упатувал и закани доколку не биде во љубовна врска со пријавениот, истиот ќе објавел експлицитни фотографии и видеа кои тајно ги снимал.
На 07.11.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Полициското одделение Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Б.(30) , М.С.(47) и 17-годишник сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2026 во 18:30 часот во Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.П.(53) од Скопје поради тоа што истиот бил затекнат како управува дрон без одобрение од Агенција за цивилно воздухопловство. Со потврда бил одземен дронот поради прекршок од Закон за цивилно воздухопловство.
На 07.11.2026 во 14:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.М.(18), Р.А.(53), К.П.В.(45) и 16-годишник сите од Скопје по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР Скопје 70-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода тој и неговата сопруга биле физички нападнати од нивниот син Д.С.(31) , кој потоа со остар предмет му упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2026 во 13:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(42) по претходна пријава дека во домот упатувал закани кон неговата 40-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2026 во 13:20 часот во СВР Скопје Л.С.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од А.М.(40) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2026 во 16 : 15 часот во СВР Скопје Ј.С.(63) од Скопје пријави дека на гробно место на гробишта во Ѓорче Петров биле искршени две мермерни плочи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје, З.В.(61) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице . Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје, М.С.(43) и Ф.А.(41), двајцата од Скопје одделно пријавиле дека околу 17:00 часот во населбата Гоце Делчев нивните малолетни деца биле физички нападнати од С.А.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.11.2026 на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Б.(30) од Скопје по претходна пријава од неговата 22-годишна сопруга дека физички ја нападнал по што ја зел нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.