Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 07.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 07.11.2026

На 06.11.2026 во 20:40 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на експресен пат Прилеп - Градско, влечно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(38) од село Стојаково, општина Богданци, удрило во метална еластична ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 07./08.11.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Т.(23) од Велес, С.М.(33), И.М.(30), Ф.Г.(29), С.М.(46), С.Б.(39), Ј.К.(21), А.К.(27), Д.Џ.(30) и 16-годишник сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје во автобус управуван од Г.Ј.(58), додека се превезувала како патничка К.Ј.(79) од Скопје, истата паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.А.(28) од с. Ново Село, струмичко,  поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.09.2025 полициски службеници извршиле претрес во атар на с. Дражево, струмичко , каде пријавениот бил затекнат при обработка на седум растенија со корен, стебло и гранки со лисја и врвни делови – вршунки од раститението канабис.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.П.(46) од беровско село  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Од 22.09.2026 до 22.10.2026 пријавениот не постапил согласно привремените мерки за заштита од семејно насилство изречени со Решение на Основен Суд Берово кон неговата сопруга. 

 

 

На 06.11.2026 околу 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека од бул. „Гоце Делчев“ во Скопје К.Ш.(48) од Скопје кој управувал електричен тротинет, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 06.11.2026 во 17:10 часот на Граничниот премин Табановце на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(25) од Скопје кој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што при гранична контрола на увид дал фалсификувана словенечка возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(53) од с. Стримница, Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 24.07.2026 на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот додека управувал патничко возило „мерцедес“ не застанал по наредба на полициски службеник, при што истиот продолжил да се движи и со возилото удрил полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 26.09.2026 на ул. „Пиринска Македонија“ во Куманово, пријавениот се однесувал агресивно, а потоа физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

 

На 06.11.2026 во 16:55 часот во село Црник, пехчевско, полициски службеници од ОВР Берово и полициски службеници од ОВР Делчево лишија од слобода 17-годишен малолетник од Берово, бидејќи при преглед кај истиот пронајдена и одземена е марихуана и остар предмет.  Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 06.11.2026 во 09:30 часот на ул. „114“, се случила сообраќајна незгода во која велосипед управуван од 13 годишен малолетник од Тетово, излетал од коловозот. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 06.11.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово на ул. „Илинденска“,постапувајќи по неколку писмени судски наредби од Основниот суд Тетово за издржување на казна затвор од осум години за сторени кривични дела,  по член 236 и 19 од Кривичниот законик, го лишиле од слобода Н.С.(35) од село Ново Село. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р.(61) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „телесна повреда“.  На 29.09.2026 во семејниот дом во кривопаланечко,  пријавениот физички го нападнал неговиот 12-годишен син, нанесувајќи му повреди. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.T.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение  за  сторено   кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 28.09.2026 пријавениот преку мобилната апликација упатувал закани на З.Н. и на неговата поранешна сопруга. 

 

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. Настанот бил пријавен на 05.11.2026 година во МВР, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н., кој во службен разговор го признал делото. По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа.

 

Единицата за насилен криминал - Одделението за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Ѓ.С.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство “ и „загрозување на сигурноста“ по чл. 386 и чл.144 од Кривичниот законик. Имено на 06.11 .2026 во Основен граѓански суд-Скопје пријавениот физички го нападнал З.А.(67) од Скопје и упатувал закани кон него и неговата адвокатка.

На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР Скопје 42-годишна жена пријави дека на 05.11.2026 во ходник од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани по претходна пријава дека истиот одзел електричен тротинет. На 07.11.2026 во 03:30 часот Д.И. пријави дека откако ја извршил кражбата на тротинетот бил физички нападнат од едно лице најверојатно сопственик на истиот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Т.(31) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 17.09.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, нанесувајќи ѝ повреди. 

 

На 06.11.2026 во 14:30 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром“ - Скопје на излез од државата при контрола кај В.С.(49) од Норвешка во неговиот рачен багаж бил пронајден и одземен дел од ловечко оружје-затворач.

 

Мени за пристапност