Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 06.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 06.11.2026

Лишено од слобода едно лице, превезувал огревни дрва без документација и без возачка дозвола, следува кривична пријава

На 05.11.2026 околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт. М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка. Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и активности.

Дополнително, при извршените проверки било утврдено дека лицето не поседува возачка дозвола. Известен е надлежен јавен обвинител и по чии насоки против лицето да биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.На 05.11.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „1“ во с. Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од С.О.(25) од с. Долно Количани, скопско и автобус со скопски регистарски ознаки управуван од Г.Н.(52) од с. Таор, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против  П.А.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.06.2026 во семејниот дом, пријавениот упатил закани кон неговите родители.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против С.С.(33) од с. Чајле, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „телесна повреда“. На 25.10.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(66) од с. Слупчане, Општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“. Во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 пријавениот, во својство на службено лице–матичар во Управа за водење на матични книги, месна заедница во с. Слупчане, внесувал невистинити податоци и изготвувал невистинити изводи за странски државјани, прикажувајќи дека наводно склучиле брак пред пријавениот. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против Д.Р.(57) и  П.Р.(55) од с. Умлена, пехчевско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното  дело „кражба“. Од април до јули 2026 во атар на с. Умлена, од приватна парцела, пријавените одзеле веќе исечена дабова дрвна маса, која ја превезувале со сопствено возила и ја продавале на трети лица, а потоа од парцелата бесправно исекле уште вкупно 63 дабови стебла, кои ги подигнале од парцелата  и ги продале на трети лица како дрвна маса за огрев .
На 05/6.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.К.(49), А.Ј.(28), А.А.(27) сите од Скопје, О.Ф.(38) од с. Октиси, струшко, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Е.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 30.08.2026 пријавениот агресивно се однесувал, упатувал закани и омаловажувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.И.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.10.2026 во Куманово, пријавениот при обидот да биде лишен од слобода, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. 
На 05.11.2026 во 14:10 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Г.Л.(28) од с. Јакимово, виничко, затоа што при извршен преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана, а подоцна е извршен и претрес во неговиот дом, по наредба на основен суд Виница, при што во неговата облека се пронајдени и одземени остатоци од марихуана. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 05.11.2026 во 22:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.П.(33) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал и физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(34) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во текот на 2025, на катарстарска парцела во државна сопственост лоцирана во населбата „Езерски лозја“ на  крајбережјето на Охридското Езеро, узурпирал  државно земјиште и без соодветна дозвола издадена од надлежен Државен орган, изградил покриен шанк.

На 05.11.2026 во 20:45 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ј.И.(64) од село во неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 35-годишна ќерка. Тој бил задржан во полициска станица,  известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.11.2026 во 13:20 часот полициски службеници од СВР Велес го приведоа С.Г.(41) од Велес. Тој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од 3 години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено поправна установа- затвор Идризово за издржување на казната.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Н.Ч.(80) од с. Чегране, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 11.08.2026 на паркинг простор во с. Чегране, пријавениот по претходна расправија со три лица, им упатил закани, а со остар предмет, оштетил ветробранското стакло од патничко возило. 
На 05.11.2026 во 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(34) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека упатил закани по живот на неговата 25-годишна жена од Гостивар, со која се во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2026 во 22:10 часот во ОВР Гостивар, 38-годишна жена од Гостивар пријави дека околу 18:20 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг В.П. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 05.11.2026 во 20:00 часот во ОВР Прилеп, 16-годишна малолетничка од Прилеп пријавила дека од страна на нејзиниот вонбрачен партнер и неговиот татко, била физички нападната. Се преземаат мерки  за расчистување на настанот.

На 05.11.2026  во 11:30 часот на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола, го лишија од слобода Д.Б.(37) од Битола, затоа што при извршен преглед над него, биле пронајдени и одземени 30 ленти со таблети . По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ќ.К.(74) од с.Ваташа, кавадаречко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 13.03.2026 на место викано „Катуниште“ во викенд куќа на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „TOZ“ модел 1701 калибар 22 мм, ловна пушка калибар 16 мм, пиштол „Чешка Зброевка“, калибар 6,35 мм и парчиња муниција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(78) и Г.Ј.(78) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, извршил преправање на договор за купопродажба на стан со менување на податоците за купувачот од А.Ј. и додавање потпис, додека второпријавената искористила копија од преправениот договор, ја заверила кај нотар, по што станот бил запишан на име на првопријавениот. 

На 06.11.2026 околу 01:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа П.М.(48) и М.А.(34) двајцата од Турција по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.11.2026 околу 17:40 часот во СВР Скопје Ј.Ч.(70) од Скопје пријави дека во периодот од 25.09.2026 до 05.11.2026 од страна на непознат сторител била опожарена влезна врата од куќа на подрачјето на Кисела Вода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 05.11.2026 во 22:10 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.У.(18) од Скопје по претходна пријава дека физички нападнал двајца малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
  
На 05.11.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје Е.Л.(55) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2026 во 16:50 часот во СВР Скопје М.Г.(38) од Скопје пријави дека во влез од зграда на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата сосетка Б.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 05.11.2026 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода К.С.Г.(46) од Скопје по претходна пријава од нејзиниот 47-годишен поранешен сопруг дека физички ја нападнала нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 05.11.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје Ж.Т.(55) од Скопје пријави дека на 04.11.2026 во објект во с. Кадино, скопско била физички нападната од нејзина колешка С.К., а исто така и упатила и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.11.2026 во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(36) од Скопје по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот и се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му дала пари и немала со сексуален однос со него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 05.11.2026 во 13:40 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.К.(33) од Скопје по претходна пријава од 42-годишна жена дека истиот и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2026 во 17:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ж.А.(41) од Скопје по претходна пријава од 43-годишен маж дека упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.11.2026 во 16:40 часот во Скопје, на подрачјето на Ченто полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.О.(37) од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени еден пиштол марка „титан“ калибар 7х65 мм, со една рамка и два куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Мени за пристапност