Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 11.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 10/11.10.2025 во Скопје, на подрачјата на Гази Баба и Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Н.(28) и Д.Б.(41), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 10.10.2025 во с.Градец, виничко и во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишија од слобода 25-годишната Т.Т. од с.Градец и Р.А.(32) од Кочани затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.10.2025 во 09:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосница од  бул.„Туристичка“ со ул.„Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно патничко возило „фолксваген кеди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.И.(65) од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61-годишната С.Д. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

На 10.10.2025 околу 13:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на локален пат од с.Лубница кон с.Скоруша, на место викано „Сечков дол“, општина Конче, 49-годишниот В.Р. од с.Лубница, управувајќи трактор „имт“ со приколка  изгубил контрола и со тракторот излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.П.(36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот, во повеќе наврати во 2025 година, неовластено набавувал марихуана од лица од Битола и ја продавал на лица кои издржуваат казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Битола.

 

На 10.10.2025 во 13:00 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода В.П.(35) од САД затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира во системот со мерка „Задржи и извести“ по барање на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар. Лицето е предадено во Полициска станица Дебар за понатамошна постапка.

 

На 10.10.2025  во 18:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Џ.А.(35) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени се дигитални ваги со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 10.10.2025 во 08:10 часот на улица 18 Ноември" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа З.Н.(23) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 10.10.2025 во атар на с.Преглово, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го приведоа Н.Д.(54) од с.Преглово. При контрола на патничко возило „сузуки" со регистарски ознаки на Македонски Брод, кое го управувал, во приклучна приколка биле пронајдени огревни дрва без жиг и без документација за транспорт. Дрвата се предадени на шумска полиција, а лицето е задржано во Полициска станица Македонски Брод. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 10.10.2025 во 17:40 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на градилиште во село Миравци, гевгелиско, товарно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од Куманово, се превртело на трасата од градилиштето. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Г.А.(49) од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

 

На 10.10.2025 во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило "бмв х3"  без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с.Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3“ без регистарски таблички. Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 10.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави  дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во неговиот патнички автомобил „бмв“ со охридски регистарски ознаки, извршен на паркинг простор во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кокаин, по што го лишија од слобода.      

 

На 10.10.2025 во 16:10 часот во с.Гајре, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.М.(58) од с.Гајре поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,помагање на сторител при извршување на кривично дело" казниво по член 365 од Кривичниот законик, односно дека му помагал на Д.М. од истото  село, кој вчера побегна на полициски службеници во Гостивар и се преземаат мерки за негово пронаоѓање. Р.М. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветна пријава.   

 

На 10.10.2025 во СВР Тетово, 51-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен од С.Р. и Б.Р. за сума од 64.000 евра. Според пријавеното, по претходно склучен преддоговор со пријавените кај адвокат, И.М. на 16.06.2021  им ја исплатил целата договорена сума на сметка на второпријавената Б.Р., но после исплатата пријавените не дошле за склучување на договор за купопродажба, како што било претходно договорено, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

 

На 10.10.2025 околу 22:00 часот во с.Спас, дебарско, во близина на гранична линија со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Блато забележале неколку лица кои се обиделе да криумчарат жив добиток. При обид да ги спречат во намерата, полициски службеник во воздух испукал неколку предупредувачки куршуми, но лицата се дале во бегство и го оставиле добитокот, а полицискиот службеник кога го враќал пиштолот во футрола се повредил во ногата. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

 

На 10.10.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, 54-годишен маж од Скопје пријави дека на 09.10.2025 во 21:00 часот во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 53-годишна сопруга, која употребила различни предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (11.10.2025) во 02:35 часот во СВР Скопје, А.П.(24) од Скопје пријави дека околу 02:10 часот пред ноќен клуб на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од с.Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет. Според пријавеното, подоцна и пред трговски центар на подрачјето на Сарај во Скопје го удриле со патничко возило „сеат леон“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност