Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 10.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(29) од с.Јакимово, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На место викано „Друм“, виничко, по претходен договор, пријавениот се сретнал со две лица од Делчево, при што им продал марихуана.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Ј.(65) и Л.Ј.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“. На 27.03.2025, првопријавениот, во својство на инвеститор, а второпријавениот како сопственик на имот, изградиле бетонска платформа без да обезбедат дозвола за градба и без да ги платат потребните комунални и други давачки и на тој начин го оштетиле буџетот на општина Маврово и Ростуше.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против У.М.(35) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 03.08.2025 во угостителски објект во Виница, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

 

На 09/10.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.П.(36), Д.С.(26), двајцата од Скопје и В.З. од Хрватска, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и куршуми. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.10.2025 во 21:30 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода Б.Н.(43) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава истиот ден дека праќал пораки со заканувачка содржина на А.А.(41) од с.Градец, гостиварско. Тој е задржан во полициска станица и по преземени мерки утврдено е дека имал слободни денови и бил пуштен од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 09.10.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, Д.С.(42) од Крива Паланка, со престој во Скопје, пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров, бил физички нападнат од А.У.(43) од с.Чучер Сандево, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.10.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен Р.Љ.(41) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ на подрачјето на Центар. Известен е трудов инспектор.

 

На 09.10.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во барака, сопственост на О.П.(39) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.09.2025 на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот во кој престојувал пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин и хероин.

 

Мени за пристапност