Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 09.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.А.(22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.04.2025 на обиколница Скопје, кај клучка „Волково“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ш.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 31.07.2025 на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, пријавениот со употреба на физичка сила од Џ.К. одзел пари и мобилен телефон.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 21.07.2025 во угостителски објект во Тетово, пријавениот се обидел со остар предмет да нападне вработен во објектот.  

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Пријавениот во повеќе наврати во текот на 2025 на терасата од неговата куќа палел оган, при што на 26.08.2025 предизвикал и пожар во куќата.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишник од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување’’ и „телесна повреда’’. Пријавениот вознемирувал малолетничка и ѝ упатувал недолични зборови, а откако дознала нејзината мајка отишла во неговиот дом да разговaра со него, при што тој ја нападнал со дрвен предмет.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.У.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во напуштена куќа на ул.„Агрон Бериша“, при што се пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка 75“ калибар 9 мм, рамка со куршуми, расклопена автоматска пушка „застава M70“ калибар 7,62 мм со рамка, панцир и други предмети, кои таму ги оставил пријавениот .   

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Х.(53) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. Пријавениот во с.Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.  

 

На 08.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.И.(49), С.Б.(24) и Г.С.(25), сите од Скопје, В.С.(19) од Куманово и М.П.(41) од Прилеп, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

 

На 08.10.2025 во 10:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа З.Џ.(24) од с.Желино, тетовско. Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 08.10.2025 во 12.55 часот во СВР Скопје, лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријави дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен.

 

На 09.10.2025 во 00:03 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „4 Јули“ во Прилеп, 15-годишник од Прилеп, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 11-годишен малолетник од Прилеп, кој се превезувал на велосипедот, додека 15-годишникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

На 08.10.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 08.10.2025 околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

 

На 08.10.2025 во 14:38 часот во СВР Битола, вработен во ЕВН Битола пријави дека при вршење ископ на ул.„Стара Чешма“ во Битола била пронајдена рачна бомба-кашикара. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. 

 

На 08.10.2025 во 16:25 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Е.Н.(38) од Велес затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка. Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

 

На 08.10.2025 околу 07:20 часот на автобуска станица во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Е.Т.(32) од Иран, затоа што на увид приложил фалсификувана лична карта. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија е донесена пресуда „условна осуда“ казна затвор од една година доколку во период од две години не се повтори делото и казна „протерување на странец“ во траење од една година.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.09.2025, пријавениот преку мобилна апликација на службен број на правно лице-локална телевизија упатувал закани.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Б.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 07.08.2025 пријавениот со остар предмет се обидел да нападне негов роднина.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(31) од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од Охрид, а бил затекнат од полициски службеници при достава, по што бил лишен од слобода.

 

На  08.10.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во парк на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.М.(47) и М.И.(36), двајцата од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 08.10.2025 во 09:18 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 08:30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.10.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(51) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.10.2025 во 11:21 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот 35-годишен син физички го нападнал и оштетил дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Мени за пристапност