Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(37) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 02.10.2025 пред угостителски објект во Виница настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот Д.М. и И.С. (37) од Виница, при што И.С. се здобил со тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Х.(67) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.04.2025 во дворот од семејната куќа во Тетово, пријавениот започнал расправија со неговиот брат и со пиштол му упатил закани.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.К.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот подолг временски период следел и вознемирувал женско лице од Куманово и настојувал да воспостави контакт со неа.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Г.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 17.09.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана германска возачка дозвола.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.Д.(51) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.09.2025 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, а потоа со остар предмет упатувал закани кон неа и неговата сопруга.
СВР Велес поднесе кривична пријава против З.З.(45) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.06.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, на парцела во државна сопственост во с.Селце, пријавениот во својство на инвеститор изградил објект без соодветна одобрение за градба и узурпирал дворно место на територија на Национален парк Шар Планина.
На 07/08.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Е.(47), С.Д.(20) и А.Р.(26), сите од Скопје и К.Е.К.(26) од Р.Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 07.10.2025 во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани. Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото „рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип– ОВР Кочани.
На 07.10.2025 околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот с.Ајватовци-с.Бунарџик, општина Илинден, мопед, управуван од С.Д.(27) од с.Биљановце, кумановско, удрил во патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.З.(30) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено..Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 07.10.2025 во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Бранко Станоевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Гостивар и велосипед управуван од И.З.(84) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 07.10.2025 во 11:15 часот во СВР Тетово сам се пријавил Ф.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, за кого има распишана национална потерница од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“ по член З94 став 2 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје.
На 07.10.2025 во 19:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го приведоа Ф.Г.(32) од Република Турција затоа што при гранична контрола е констатирано дека лицето незаконски престојувало на територијата на државата. Ф.Г. е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје и против него ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(23) и 15-годишник, двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.02.2025 на ул.„146“ во Тетово, пријавените физички го нападнале Р.Х.(35) од Тетово, кој се здобил со повреди.
Денеска (08.10.2025) во 02:33 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Т.Р.(84) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден во неговиот двор на подрачјето на Радишани од страна на негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 01.08.2025 на семејна веселба во куќа покрај Дебарското езеро, тие неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале опасност по животот на присутните гости. По преземени мерки во координација со јавен обвинител, пронајден и лишен од слобода е Ф.П. и одземен му е пиштол „магнум“, додека при претрес извршен по судска наредба, во куќата каде била семејната веселба, сопственост на Б.П. и пријавената А.П., пронајден и одземен е пиштол „стејр“, додека од пријавената А.П. одземен е пиштол „глок“ со 34 куршуми.
На 07.10.2025 околу 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Никола Парапунов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „мицубиши колт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(38) од Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(18) од Скопје и паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Г.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.10.2025 во 11:07 часот во СВР Скопје, Т.Б.(18) од Турција, со престој во Штип, пријавил дека после 10:00 часот во чекална на Автобуската станица Скопје му била одземена чанта со лични документи и банкарски картички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.10.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје, К.С.(54) од Скопје пријави дека на 05.10.2025 околу 02:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.10.2025 во 14:05 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди била донесена М.Ш.(54) од Скопје. Според пријавеното, таа со повредите се здобила додека извршувала работни задачи во продажен објект на подрачјето на Центар. Известен е трудов инспектор.
На 07.10.2025 во 12:30 часот во Полициската станица Карпош e извршен службен разговор со 16-годишен малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 46-годишна жена од скопско дека на 06.10.2025 околу 13:00 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка, со која биле соученици. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, Б.В.(42) од Скопје пријави дека околу 16:40 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.