Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 07.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „предизвикување општа опасност при градежни работи“. Пријавените правни субјекти на 25.03.2025, при изведување на градежни работи на автопат Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Б.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и ,,злоупотреба на лични податоци“. На 31.03.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што на увид дал лична карта, сопственост на неговиот брат, а вметнал и сопствена фотографија на личната карта.

               

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Х.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 02.10.2025 во Тетово, пријавениот со употреба на тврд предмет физички нападнал 14-годишник, а потоа на неговиот брат и другар со остар предмет им упатил закани.

 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување". Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата. 

 

На 06.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Р.(35), А.В.(23) и М.С.(18), сите од Скопје и Р.Л.(24) од Албанија затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 06.10.2025 околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 06.10.2025 во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17- годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево. Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

На 06.10.2025 во 15:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 14:55 часот во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.10.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Б.Д.(61) од Скопје пријави дека на 05.10.2025 околу 02:30 часот на подрачјето на Центар, неколку малолетници физички нападнале еден малолетник, при што употребиле тврд предмет, а откако Б.Д. реагирал со цел да ги спречи, тие избегале. Според пријавеното, по кратко време и тој бил физички нападнат од двајца малолетници и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.10.2025 во 12:25 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(34) од Скопје пријави дека околу 11:45 часот во сала за вежбање во хотел на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.М.(32) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.10.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Г.(19) од Кавадарци пријави дека околу 16:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода, едно лице од ранецот и го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.10.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.10.2025 околу 11:45 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг И.Ј.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност