СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(36) и Д.Ш.(19), двајцата од с.Нераште, општина Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.01.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел“, управувано од првопријавениот, а второпријавениот бил сопатник, при што биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Џ.(26) од с.Здуње, гостиварско и против Ф.М.(30) од с.Бибај, општина Маврово и Ростуше, со престој во с.Здуње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.09.2025, полициски службеници извршиле претрес во домовите кај пријавените во с.Здуње, при што кај Е.Џ. биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана, додека кај Ф.М. била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(52) од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.09.2025 на наплатна станица Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.08.2025 во с.Драгобраште, виничко, полициски службеници извршиле контрола на такси возило во кое бил пријавениот, при што во обид да побегне фрлил марихуана и проголтал две таблети амфетамин.
На 10.09.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници ги лишија од слобода С.И.(35) и 14-годишник, двајцата од Скопје, додека на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје бил лишен од слобода А.Т.С.Д.Л.Б.(25) од Шпанија, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 10.09.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(38) од Охрид и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(78) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“, Љ.Б.(75) од Скопје, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 10.09.2025 во 10:46 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„4 Ноември“, ул.„Македонски Гемиџии“ и ул.„Солунска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со австриски национални ознаки, управувано од Џ.А.(57) од Австрија и велосипед, управуван од Т.Т.(71) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 10.09.2025 во 09:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосница од регионален пат со ул.„Гоце Делчев“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(21) од с.Лабуништа, струшко и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 10.09.2025 околу 07:25 часот во СВР Штип е пријавено дека во круг на бензиска пумпа на ул.„Партизанска“ во Штип, 40-годишната Д.М. од Штип, откако го паркирала патничкото возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки и излегла надвор, возилото само се придвижило наназад и удрило во пешакот Е.А.(50) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 10.09.2025 во 20:00 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Ц.(63) од Романија. При извршена гранична контрола констатирано е дека приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за патничко возило „рено“ со романски национални ознаки, кое го управувал. С.К. е задржан во Полициска станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.09.2025 во 04:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.,,Ресенска“ во Скопје опожарено е патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Ј.(43) од Скопје. Од пожарот се зафатени и патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б.(35) и патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Љ.(34). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На 10.09.2025 околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош. Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.К.(25), А.К.(52) и А.К.(21), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 10.08.2025 во Дебар, пријавените физички го нападнале А.Љ. од Дебар пред неговиот дом, при што употребиле и дрвен предмет.
На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција .
На 10.09.2025 во СВР Битола е пријавено дека во с.Братин Дол, битолско, е пронајдена артилериска граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за една артилериска граната со калибар од 155 мм од Првата светска војна.
Денеска (11.09.2025) во 03:10 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Ф.Ч.(55) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, М.Ц.(55) од Скопје пријави дека околу 10:00 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање околу паркинг место, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во „Жена парк“ во Скопје по претходно недоразбирање, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(44) од с.Булачани, скопско, Џ.Б.(61) од Скопје и А.Б.(46) од с.Бардовци, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.09.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје, И.И.(64) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно нарушени соседски односи, бил физички нападнат од Џ.Р.(49) и А.Р.(42), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, Н.Е.(40) пријави дека околу 16:00 часот во с.Студеничани, по претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од М.И.(58) од с.Студеничани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.09.2025) во 00:10 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Г.(47) од Скопје пријави дека од семејниот дом се оддалечила неговата мајка М.Г.(77) од Скопје. Се преземаат марки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (11.09.2025) во 00:09 часот во Полициската станица Центар, од Мал групен дом - Скопје е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.М.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (11.09.2025) во 02:00 часот во Полициското одделение Петровец, А.Д.(26) од с.Петровец, скопско, пријави дека од семејниот дом се оддалечила неговата снаа Р.И.(26) од с.Трубарево, скопско , со престој во с.Петровец, која го зела и нејзиниот двегодишен син. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 10.09.2025 во 13:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Е.А.(13). Се преземаат марки за пронаоѓање на лицето.
На 10.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Ј.(32) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредиет во претходно случена сообраќајна несреќа на бул.„Александар Македонски“ во Скопје. Имено, сообраќајната несреќа се случила помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од повредениот и патничко возило „шкода јети“ со скопски регистарски ознаки, по што двајцата возачи меѓусебно се договориле и си заминале, а потоа повредениот е пренесен во болница. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.