Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 12.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(37) и Ф.М.(44) двајцата од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 12.08.2025, првопријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а потоа во куќата на нејзиниот татко, двајцата пријавени физички ги нападнале таткото и братот на неговата сопруга. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Б.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 01.07.2025 во Тетово, пријавениот физички го нападнал Б.Ј.(45) од Тетово, при што употребил и тврд предмет. 

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ч.(37) и З.М.(41), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во соба во Казнено - поправна установа Затвор Битола, затворските службеници изршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и марихуана, која претходно второпријавениот му ја фрлил преку оградата во отвореното одделение на установата. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(34) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 02.03.2025 на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, а во кое било уште едно лице, при што во возилото бил пронајден и одземен кокаин. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А.(47) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 16.02.2025 на автопатот Куманово - Скопје, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, кој на увид приложил фалсификувана германска возачка дозвола.     

 

На 11.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Б.(23), Х.В.(18) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 11.09.2025 во 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Дебарска“ и ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната А.И. од Гостивар, удрило во 67-годишната Т.Н. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Денеска (12.09.2025) во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на  бул.„Св. Климент Охридски“, пред крстосница со бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Б.П.(37) од Скопје, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 11.09.2025 во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.

 

На 11.09.2025 во 18:15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го пронајдоа А.Х.(13) од Скопје - штитеник на Јавната установа за згрижување на деца, за кој на 08.09.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.

 

На 11.09.2025 во 12:45 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е  пријавено дека околу 10:00 часот во затвореното одделение во установата, осуденикот Е.Д.(30) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот Н.Н., при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.09.2025 во 17:20 часот на улица „Шуматоска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа Ќ.Ф.(68) од Гостивар, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело казниво по член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

Денеска (12.09.2025) во 05:35 часот во СВР Скопје, Н.Л.(62) од Скопје пријави дека околу 01:00 часот пред неговиот дом на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од пет лица, од кои едниот од нив употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.09.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, Д.В.(53) од Скопје пријави дека на 10.09.2025 околу 14:10 часот на работното место во погон во фирма на подрачјето на Ѓорче Петров, поради меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од неговиот колега С.С.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.09.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(84) од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.09.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 10.09.2025 околу 16:30 часот на ул.„Љубинка Басотова“ во Скопје била опожарена сува трева, а од пожарот се зафатени дел од куќа, сопственост на Б.Т.(57) од Скопје и ограда и помошна просторија сопственост на С.С.(62) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од соседите и Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.09.2025 во 10:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на М.С.(89) од Битола. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.   

Мени за пристапност